Slide 1

Вести

Peugeot 208 бил најпродаван автомобил во Европа во февруари

Slide 1

25/03/2021

Peugeot 208 бил најпродаван автомобил во Европа во февруари, а второто место на 2008 го надополни повеќе од успешниот месец за францускиот бренд на најголемите европски пазари.

Според официјалната статистика на JATO Dynamics, во февруари биле продадени 18.375 примероци на 208, со што Европскиот автомобил за 2020 година успеа да се пласира на првото место, додека по него следува 2008 со 17.120 продадени примероци.

Volkswagen Golf e на третото место со 16.185 продадени примероци, а во Топ 5 се уште и Toyota Yaris и Fiat Panda.

Последен пат, Peugeot се нашол на врвот на месечниот ранкинг во 2008 година и тоа со моделот 207.

Успехот на Peugeot го надополнува и плаг-ин хибрид изведбата на 3008, која била втор најпродаван модел зад Volvo XC40, додека електричниот 208 е на петтото место (3.047) во конкуренцијата каде лидер е Tesla Model 3.

JATO ги пресмета податоците од 27 најголеми европски пазари и таму во февруари биле продадени вкупно 848.455 примероци, што е намалување за 20 проценти во однос на истиот месец минатата година.

Топ 10 најпродавани модели во февруари 2021 година

1. Peugeot 208 18.375
2. Peugeot 2008 17.120
3. Volkswagen Golf 16.185
4. Toyota Yaris 15.467
5. Fiat Panda 15.400
6. Renault Clio 15.349
7. Citroen C3 15.281
8. Opel Corsa 14.615
9. Skoda Octavia 14.554
10. Volkswagen T-Roc 13.829

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla