Вести
Peugeot 208 е на пат да стане севкупен бестселер во Европа според продажбата во 2022 година
Сега за сега 208 има солидна предност пред Dacia Sanderо, модел со продадени 180,553 продадени примероди, додека двата модели на Volkswagen (Т-Roc и Golf), се во тесна битка за третата позиција.
Како што наближува крајот на 2022, сѐ поинтересни стануваат извештаите за севкупната продажба на автомобилските производители во текот на годината.
Сега, пред самиот крај на годината ги имаме бројките за првите 11 месеци, што е доволен обем за да ја отслика ситуацијата која ќе ја имаме и за отприлика еден месец отсега, кога ќе ги добиеме и финалните податоци за целиот годишен циклус.
Според продажбата во првите 11 месеци, доколку се земат поединечните пласмани на 28 европски пазари, со најголем број на пласмани во топ 10 се најдоа Toyota и Volkswagen, а веднаш зад нив следат Skoda, Dacia и Kia, на третото, четвртото и петтото место респективно.
Моделите на Toyota според продажбата во првите 11 месеци се појавуваат дури 51 пати во топ 10 рангирањата на 28-те европски пазари.
Volkswagen е втор според овој параметар со импресивни 25 модели помеѓу првите 10. Но, вреди да се напомене дека дел од податоците од Ирска и Словачка доцнат, па штом се вкалкулираат, VW може да се надева на уште некој дополнителен модел помеѓу првите 10.
На третото место е сестринскиот производител Skoda, со 26 модели помеѓу првите 10, потоа Dacia со 25 и Kia со 23 модели.
Што се однесува, пак, до конкретните модели со најмногу пласмани помеѓу првите 10 на истите 28 европски пазари, тука води Skoda Octavia со 14 пласмани во топ 10, потоа Dacia Duster (12) и Toyota Corolla (11).
Три модели имаат позиции помеѓу првите 10 на 10 пазари – Dacia Sandero, Toyota Yaris и VW T-Roc, a моделите Hyundai Tucson, Kia Sportage и Тoyota RAV4 се најдоа во топ 10 рангирањата на вкупно 9 европски пазари.
Интересни се податоците и за продажбата во ноември – последниот месец за кој имаме податоци, а тука на тронот се враќа Tesla Model Y, по пол позицијата на Volkswagen Golf во октомври.
Американскиот произвоител Tesla успеал да продаде 19,144 примероци од премиум SUV моделот. На оваа листа втор е Dacia Sandero, по што следи Toyota Yaris.
Заклучно со ноември, годинава сме сведоци на 6 различни модели кои успеале да се најдат на првото место според месечната продажба.
Месечните победници во 2022 се Dacia Sandero (јануари), VW Golf (февруари и октомври), Tesla Model 3 (март), Peugeot 208 (април, мај, јуни), VW T-Roc (јули, август), Tesla Model Y (септември и ноември).
И секако, севкупниот победник во однос на најпродаваните модели во првите 11 месеци од годинава е Peugeot 208 со продадени 193,743 примероци. Со ова, хеџбекот на Peugeot е на пат да стане и бестселер во Европа во 2022 година.
Сега за сега 208 има солидна предност пред Dacia Sanderо, модел со продадени 180,553 продадени примероди, додека двата модели на Volkswagen (Т-Roc и Golf), се во тесна битка за третата позиција.