Slide 1
Slide 1

Вести

Peugeot 208 е најпродаван модел во Европа во првиот квартал на 2021 година

Slide 1
Slide 1

30/04/2021

Со вообичаеното доцнење поради потребата од собирање и анализа на продажните резултати од европските пазари, експертите на JATO Dynamics ги објавија резултатите за најпродаваните модели во Европа во месец март, а со тоа и првиот квартал.

Споредбата меѓу март оваа и минатата година донесе зголемување на продажбата за 63 проценти, односно годинава се продадени 1.347.313 автомобили, очекуван раст во споредба со ланскиот март кој беше сериозно погоден од почетокот на пандемијата.

Но, продажбата во целиот квартал, односно од јануари до март покажува најслаба бројка уште од 1986 година, со исклучок на минатата 2020 година која донесе многу анти-рекорди.

Во март најпродаван модел Volkswagen Golf и тоа со 26.265 продадени автомобили или само 836 примероци повеќе од второпласираниот Peugeot 208, додека победничкиот пиедестал е заокружен со Opel Corsa (24.540).

Она што е посебно важно за Peugeot 208 е што е најпродаван европски модел во првиот квартал, период во кој се испорачани речиси 61.000 примероци на најголемите 26 европски пазари, кои влегуваат во анализата на JATO Dynamics.

Најпродаван плаг-ин хибрид во март бил Volvo XC40 со 5.346 примероци, по што следуваат Peugeot 3008 (4.673) и Renault Captur (4.355), додека најпродаван електричен автомобил е Tesla Model 3 со 23.616 продадени автомобили.

 

Најнови содржини

Lexus го претстави новиот NX, првпат достапен и како плаг-ин хибрид
Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови