Вести
Peugeot 208 ја зацврсти првата позиција на францускиот пазар
Актуелната генерација на Peugeot 208 пред неколку дена беше избрана за автомобил на годината и во Аргентина, со што овој модел веќе го запиша 21. престижно признание во своето портфолио.
Влијанието на атрактивниот француски супкомпакт се шири секаде каде што е во понудата на брендот, а Peugeot e посебно горд што ја има лидерската позиција на домашен терен.
Францускиот пазар е „слаба точка“ на производителите од оваа земја, па нивната вечна борба продолжува и на крајот на 2020 година, која се чини дека во однос на моделската понуда ќе заврши во корист на Peugeot 208.
Овој автомобил беше најпродаван во Франција и во месец ноември, со што Peugeot 208 ја зацврсти својата позиција на првото место од почетокот на годиината.
Поточно, за 11 месеци 208 стигна до 82.432 нови регистрирани примероци, оставајќи ги зад себе Renault Clio со 73.436 и Peugeot 2008 со 59.582 продадени автомобили.
Истовремено, Peugeot може да се пофали со фактот што дебитантот меѓу електричните модели, Peugeot e-208 суверено ја одржува втората позиција во сегментот на електро-мобили.
Во Франција, во ноември е забележан пад на продажбата (126.048) од 27 проценти во однос на истиот месец минатата година, а Peugeot е на врвот и кај брендовите со 25.310 продадени патнички автомобили.
Топ 10 модели според продажба во Франција
(јануари-ноември 2020)
1. Peugeot 208 82.432
2. Renault Clio 73.436
3. Peugeot 2008 59.582
4. Citroen C3 52.647
5. Dacia Sandero 49.594
6. Renault Captur 48.532
7. Peugeot 3008 40.726
8. Renault Twingo 38.296
9. Peugeot 308 33.337
10. Renault Zoe 31.431
Повеќе содржини за Peugeot: