Skip to content

Вести

Peugeot 208 со француска премиера тргна во нова голема продажна офанзива

07/10/2019

Втората генерација на Peugeot 208 ја продолжува успешната традиција на францускиот бренд во Б сегментот, а од денеска започнува нејзината офанзива на домашен терен, најавувајќи го и пристигнувањето во останатите земји, чии купувачи со голем интерес го очекуваат запознавањето со новото издание на шармерот.

Француските купувачи веќе можат да ги обезбедат првите примероци на 208 и тоа во изведбите со мотор со внатрешно согорување, додека за неколку месеци, односно на почетокот на 2020 година ќе биде достапен и е-208, првиот електричен модел со логото со лав и исклучително важен новитет во сегментот кој треба да ги направи електро-мобилите многу подостапни.

Производителот подготви многу содржини за да го одбележи почетокот на комерцијализацијата на Peugeot 208, па францускиот субкомпакт деновиве се претвори во вистинска национална ѕвезда, приближувајќи ги своите атрибути до фановите, но и новите купувачи кои нема да им одолеат на шармот и квалитетите.

Серијата 2 во историјата на Peugeot има 22 милиони продадени примероци, а новиот 208 само ќе ја надградува бројката со својот продажен учинок. Од производителот не го кријат изненадувањето и од интересот за електричната изведба, која добила многу поголем процент од првичните порачки во однос на она што се очекувало.

„Лавот ги наостри канџите“ е метафора која често се употребува за новитетите на Peugeot, но гледајќи го дизајнот на новиот 208, не може да се избегне впечатокот дека новата генерација претставува еден „поопасен“ член на семејството мачки, заводникот зрачи со енергија и самодоверба, истовремено испраќајќи предупредување до оние кои можеби ќе се посомневаат во неговата одлучност да диктира темпо во класата.

Скулптурата на Peugeot 208 e подинамична, поголемата должина и широчина и намалената височина одат во ист правец, а посебно внимание предизвикуваат заоблениот поклопец на моторот, односно опцијата за целосни LED предни светла на кои е префрлен потписот со три елементи кој досега беше препознатлив на задниот дел на моделите на Peugeot.

Французите решија да ја задржат истата маска и за електричниот 208, потенцирајќи дека кај е-208 таа на себе ќе биде комбинирана со каросериската боја, а и логото ќе менува боја во зависност од аголот од кој се гледа. Во однос на батеријата, Peugeot e-208 ќе овозможува автономија од 340 километри, а производителот гарантира дека по осмата година од купувањето, капацитетот на батеријата ќе биде најмалку 70 проценти.

Првиот впечаток е најважен!
Првиот впечаток е најважен!
Првиот впечаток е најважен!
Новиот 208 ќе освојува погледи на улица, доби подинамична силуета и маестрално дизајниран поклопец на моторот

Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
i-Cockpit ефект
i-Cockpit ефект
i-Cockpit ефект
Последната верзија на i-Cockpit ја задржува поставеноста на елементите, но добива и 3D дигитална инструмент табла
Последната верзија на i-Cockpit ја задржува поставеноста на елементите, но добива и 3D дигитална инструмент табла
Последната верзија на i-Cockpit ја задржува поставеноста на елементите, но добива и 3D дигитална инструмент табла
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
GT Line надградба
GT Line надградба
GT Line надградба
208 во својата понуда ќе го има и GT Line пакетот во кој влегуваат и целосни LED светла и 17-инчни тркала
208 во својата понуда ќе го има и GT Line пакетот во кој влегуваат и целосни LED светла и 17-инчни тркала
208 во својата понуда ќе го има и GT Line пакетот во кој влегуваат и целосни LED светла и 17-инчни тркала
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
е-208 со 340 километри
е-208 со 340 километри
е-208 со 340 километри
Првата електрична изведба на 208 ќе има автономија од 340 километри, а погонот ќе располага со 136 кс
Првата електрична изведба на 208 ќе има автономија од 340 километри, а погонот ќе располага со 136 кс
Првата електрична изведба на 208 ќе има автономија од 340 километри, а погонот ќе располага со 136 кс
Ротирајте го уредот за да му пристапите на сајтот
Porsche ДНК

Slider

Ако електричната изведба доаѓа со еден погон чија моќност изнесува 136 коњски сили, класичните изведби повторно ќе донесат поголем избор, односно бензински варијации со 75, 100 и 130 коњски сили, како и дизел мотор со 100 коњски сили. Инженерите на Peugeot тврдат дека ја подобриле управливоста, со што 208 ќе биде многу позабавен за возење, а новитет е и осум-степената автоматска трансмисија, која може да донесе посебно релаксирани мигови во градските гужви.

Новата платформа (CMP) гарантира намалување на тежината и подобри возни карактеристики, додека истовремено Peugeot 208 напредувал сериозно и во однос на квалитетот на изработка на ентериерот, каде повторно ќе царува i-Cockpit во најновото издание и со еволутивен процес на дигитализација и конективност.

Француската асоцијација на автомобилски производители деновиве ги објави продажните резултати за првите девет месеци, а на нив Peugeot 208 e број еден, стигнувајќи до улогата на бестселер со 76.108 продадени примероци. Новата генерација треба да го продолжи овој тренд, со првичен впечаток дека купувачите во европските земји ќе го изберат електричниот 208 во сериозен процент од целосната продажба.

Ако Франција очекувано го отвори продажниот циклус, наредниве месеци Peugeot 208 ќе пристигнува и на другите европски пазари, а во Македонија можеме да го очекуваме веќе на почетокот на 2020 година.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend