Skip to content

Вести

Peugeot 208 веќе е најпродаван автомобил во Франција

Во ноември биле продадени 4.656 примероци на Peugeot 208, a потоа следуваат Dacia Sandero (3.767) и Renault Clio (3.201) кои ја заокружуваат првата тројка

04/12/2019

Франција очекувано е прва земја во која започна продажбата на новата генерација на Peugeot 208, а најавениот голем интерес на купувачите е преточен и во одличен резултат за месец ноември.

Официјалната статистика за продажбата на францускиот пазар вели дека Peugeot 208 се искачи на врвот и стана најпродаван модел на домашна територија, надминувајќи го резултатот на досегашниот лидер, Renault Clio.

Иако Clio e во продажните салони само неколку месеци, пристигнувањето на атрактивниот 208 ги импресионираше купувачите на големиот француски пазар, па тие го лансираа овој автомобил на првото место на месечниот ранкинг, a Clio го загуби и второто место.

Во ноември на индивидуални купувачи им биле продадени 4.656 примероци на Peugeot 208, a потоа следуваат Dacia Sandero (3.767) и Renault Clio (3.201) кои ја заокружуваат првата тројка.

Peugeot е на првото место и според вкупната продажба на индивидуални купувачи и компании, статистика во која се вклучени и лесните комерцијални возила, а Renault има минимална предност во однос на пазарниот удел во однос на Peugeot.

Вкупно, во Франција во месец ноември биле продадени 172.735 автомобили, што е за 0,65 проценти подобар резултат од истиот месец минатата година.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend