Slide 1
Slide 1

Вести

Peugeot 3008 PHEV е најпродаван електрифициран автомобил во Франција

Slide 1
Slide 1

17/05/2021

Францускиот пазар како еден од најголемите во Европа носи солидни продажни бројки за производителите, а последнава година таму се отвори и нов фронт, поврзан со електрифицираните автомобили.

Домашните производители влегоа во сериозна офанзива, овозможувајќи поголем избор за купувачите. а се чини дека во моментов најдобро котира Peugeot, кој води во генералниот пласман со Peugeot 208, но има водство и меѓу електрифицираните модели.

Плаг-ин хибрид изведбата на компактниот SUV 3008 бил најпродаван EV модел во Франција во претходниот месец април, а 1.726 продадени примероци е респектабилна бројка во овој период од фазата на електрификација.

За статусот на брендот со логото со лав да биде уште подобар се погрижи електричната изведба на 208, која е најпродаван електричен модел и втор во овој генерален пласман на електрифицирани автомобили.

Peugeot во Топ 20 има уште два претставника, а тоа се електричниот 2008 со 427 и плаг-ин хибридниот 508 со 342 продадени примероци.

Најпродавани електрифицирани модели во Франција
(Април 2021 година)
1. Peugeot 2008 1.726
2. Peugeot 208 1.537
3. Renault Zoe 1.265
4. Fiat 500e 740
5. Renault Twingo 679
6. Mercedes GLC 300e/de 606
7. Mini EV 592
8. Citroen C5 Aircross 587
9. Renault Captur 585
10. Volvo XC40 487

Повеќе содржини за Peugeot:

Најнови содржини

Мате Римац со порака до Маск поради игнорирањето на Nevera
Land Cruiser 300 носи темелни промени и проверен оф-роуд концепт на теренецот на Toyota
Alfa Romeo ќе го прослави 111. роденден со своите фанови
Kia Motors Macedonia ја започнува „смелата трансформација“