Slide

Вести

Peugeot 308 е добитник на Red Dot – престижната награда за дизајн за 2022 година

Slide

Воочлива е еволуцијата и созревањето на овој дизајнерски правец во изминатите 5-6 години, а продажните резултати и финаниски успеси на брендот во истиот период, се илустрација за прифаќањето на овој дизјан од страна на купувачите.

18/03/2022

Неодамна имавме можност неколку дена да поминеме со новата генерација на Peugeot 308, а потоа, како и досега, да ги објавиме нашите впечатоци. 

Нашата содржина по тестирањето започнува со објаснувањето дека 308 е последниот модел од гамата на Peugeot кој го следи новововедениот дизајнерски правец од страна на тогашниот директор за дизајн на брендот, познатиот Жил Видал. 

Нашите содржини, кога се во прашање моделите на Peugeot, често се фокусираат на иновативниот и специфичен дизајн. Новиот дизајнерски правец беше воведен најпрво кај 3008, за потоа, година по година, модел по модел, да биде инкорпориран во сите нови генерации на моделите од гамата на Peugeot.

Воочлива е еволуцијата и созревањето на овој дизајнерски правец во изминатите 5-6 години, а продажните резултати и финаниски успеси на брендот во истиот период, се илустрација за прифаќањето на овој дизјан од страна на купувачите.

Но, допадливиот изглед на моделите на Peugeot не е препознаен и прифатен само од купувачите, туку и од професиноналците кога е во прашање дизајнот.

Само неколку дена по објавувањето на нашиот тест со впечатоците од возењето на новиот 308, стигна известување дека моделот ја доби и престижната наградa Red Dot.

Red Dot е огранизација која години наназад доделува награди за дизајн во различни категории на производи. Важи за една од најпрестижните, ако не и најпрестижна огранизација во светот која доделува вакви награди.

Наградата, иако не е прва, ќе значи дополнителен “ветер во грб” за популарниот компакт, кој има жестока конкуренција од новата генерација на сестринскиот модел – Opel Astra.

Подолу ги споделуваме нашите впечатоци во однос на надворешниот и внатрешниот изглед на наградениот модел:

Дизајн на екстериерот

Предниот дел во линија на дизајнерскиот правец на Peugeot, кој во 308 е надополнет со рамни светла од кои излегуваат вертикални ленти, во кои се поставени дневните светла. 

Значката со новото лого, зад кое се сокриени радарските сензори, е поставена на големата решетка на ладилникот. LED светлата сега се стандард во сите пакети на опрема.

Однадвор 308 има динамичен и спортски изглед. Вертикално поставената рамка од прозорецот пред задниот кровен носач, асоцира на дизјан типичен за брендот, но по малку потсетува и на незаборавниот 205. Задните светла, исто така, имаат LED технологија во сите пакети на опрема. 

Дизајн на ентериерот

Peugeot пред 6 години го воведе I-cockpit концептот, кој вклучува мал, спортски и ниско поставен волан, над кој е поставена минималната инструмент табла.

При воведувањето, различните вкусови на купувачите предизвикуваа различни мислења околу авангардниот концепт, но оттогаш, со секоја следна генерација, Французите дополнително го унапредуваат, а според продажните резултати на моделите на Peugeot, купувачите дефинитивно го прифатија концептот.

Во повисоките пакети на опрема, како што е GT, 3D дисплејот на дигиталната инструмент табла не остава простор за дилеми кај купувачите.

Впечатокот при седењето во возачкото седиште го надополнува одлично изведената комбинација на централната конзола која е составена од 10-инчен екран осетлив на допир, чиј долен дел продолжува со 5 прекинувачи осетливи на допир, кои можат да бидат конфигурирани за исвршување на специфични функции во зависност од желбата на возачот.

Интересно е што тие може да се конфигурираат за активација на радиото или навигацијата, но, на нив може да се меморира и конкретен телефонски број, или конкретна дестинација од системот за навигација.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа