Slide

Вести

Peugeot 408 “под лупата” на околу 600 претставници на интернационалните медиуми

Slide

Веројатно во 2024 година европското портфолио ќе биде надополнето со комплетно електрична изведба. Ова може лесно да се прогнозира со оглед на тоа што групацијата Stellantis веќе најави вакви електрични изведби на сестринските, DS 4, Opel Asrta и Peugeot 308.

24/11/2022

Кросоверот со примеси на SUV и coupé, веќе започна да излегува од производните ленти во француската фабрика Мулхаус, и деновиве десетици примероци се транспортирани во Барселона, на медиумска презентација со претставници на медиумите од континентот.

408-цата поставена на EMP2 платформата, платформа која беше развиена од страна на PSA во соработка со Toyota. Taa успешно се користи од 2013 година за моделите Citroën C4, Opel Astra и новиот Peugeot 308.

Новиот кросовер е наменет за купувачите на кои компакт сегментот не им е доволно просторен, а во исто време SUV модел не е опција која им одговара.

Со должина од 4.69 метри, Peugeot 408 е 5 сантиметри подолг од 308 SW. Од друга страна, 408 е значително понизок од 3008, Првиот е висок 1.48 метри, додека вториот е 1.62 метри.

Клиренсот од 19 сантиметри и пластичните лајсни од страните придонесуваат за интересен и модерен изглед на кросоверот.

Основниот мотор на 408 ќе биде Pure Tech 130 – бензински 1.2-литарски мотор со три цилиндри и 130 hp.

Најавени се два плаг-ин хибридни погони со системска сила од 180, односно 225 hp. И кај двете варијанти електричниот мотор е идентичен, со сила од 81 kW (110 hp). Разликата е во 1.6-литарскиот бензински мотор со четири цилиндри со сила од 150 hp во послабата, односно 180 hp во помоќната варијанта.

Литиум-јонската батерија ќе има капацитет од 12.4 kW. Кај сите три погонски изведби стандардно ќе биде вклучена осум-степена автоматска трансмисија.

Забележливо е дека не се најавени дизел мотори. За пазарите надвор од Европа, Французите планираат уште еден бензински мотор со 215 hp.

Веројатно во 2024 година европското портфолио ќе биде надополнето со комплетно електрична изведба. Ова може лесно да се прогнозира со оглед на тоа што групацијата Stellantis веќе најави вакви електрични изведби на сестринските, DS 4, Opel Asrta и Peugeot 308.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск