Slide

Вести

Peugeot 408 пристигна во салонот на Еуроимпекс во Скопје

Slide

Со должина од 4.69 метри, Peugeot 408 е 5 сантиметри подолг од 308 SW. Од друга страна, 408 е значително понизок од 3008, Првиот е висок 1.48 метри, додека вториот е 1.62 метри.

14/02/2023

Кросоверот со каросериска изведба која е комбинација на SUV и coupé, во последниот квартал од минатата 2022 година започна да излегува од производните ленти во француската фабрика Мулхаус, а деновиве неколку примероци пристигнаа во салонот на Еуроимпекс во Скопје.

Имавме можност одблизу да го погледнеме новиот модел на францускиот бренд во рамки на Stellantis групацијата, на чија платформа е и поставена 408-цата.

Платформата именувана како EMP2 беше развиена од страна на PSA во соработка со Toyota. Taa успешно се користи од 2013 година за моделите Citroën C4, Opel Astra и новиот Peugeot 308.

Новиот кросовер е наменет за купувачите на кои компакт сегментот не им е доволно просторен, а во исто време SUV модел не е опција која им одговара.

Со должина од 4.69 метри, Peugeot 408 е 5 сантиметри подолг од 308 SW. Од друга страна, 408 е значително понизок од 3008, Првиот е висок 1.48 метри, додека вториот е 1.62 метри.

Клиренсот од 19 сантиметри и пластичните лајсни од страните придонесуваат за интересен и модерен изглед на кросоверот.

Веројатно во 2024 година 408-цата ќе биде надополнета и со комплетно електрична изведба. Ова може лесно да се прогнозира со оглед на тоа што групацијата Stellantis веќе најави вакви електрични изведби на сестринските, DS 4, Opel Astra и Peugeot 308.

Изложениот модел кој имавме прилика да го погледнеме во салонот на Еуроимпекс беше со веќе најавениот Pure Tech 130 – бензински 1.2-литарски мотор со три цилиндри и 130 hp.

Во однос на пакетот на опрема, имавме можност да го погледнеме најавениот Allure Pack. Освен него достапни се и пакетите на опременост Allure и GT, a можни се и варијации на овие два пакета на опременост, како и GT Pack.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели