Slide 1

Вести

Peugeot 508 Hybrid пристигна во салонот на Еуроимпекс во Скопје

Slide 1

Електричниот мотор е поставен во рамки на системот со 8-степената трансмисија и има сила од 80 kW (107 hp).

22/11/2021

Започнувајќи од крајот на 2019 година, Peugeot ја прошири гамата на мотори на седанот 508, при што вклучи нови плаг-ин хибридни изведби со погон на две и на сите тркала, со системска сила од 225, односно 300 hp. 

Погонските изведби кои ги носат ознаките Hybrid и Hybrid4, се базирани на бензински мотор надополнет со хибриден погон. 

Бензинскиот мотор е добро познатиот 1.6-литарски турбо мотор со четири цилиндри и сила од 180 hp кај Hybrid и 200 hp кај Hybrid4. 

Токму примерок со ознаката Hybrid веќе пристигна во салонот на Еуроимпекс во Скопје.

Електричниот мотор е поставен во рамки на системот со 8-степената трансмисија и има сила од 80 kW (107 hp). Кај Hybrid4 изведбите, пак, електричен мотор е поставен на задната оска.

508 Hybrid е опремен со литиум-јон батерија од 300V, која е поставена под вториот ред седишта во кабината и има капацитет од 11.8 kWh. Според WLTP нормите, електричната автономија на овој модел изнесува 54 километри. 

Возачите може да изберат еден од неколкуте режими на возење како што се ZEV (zero emission), спортски и хибриден режим. 

ZEV режимот на возење е сетиран како дифолтен и е достапен на брзини до 125 km/h. Овозможен е и B режимот на возење, кој функционира како моторно сопирање и овозможува поголема рекуперација на енергијата. 

Важно е да се напомене дека инженерите успеале да го задржат истиот багажен волумен од 478 литри и во хибридната изведба.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental