Slider

Вести

Peugeot e-208 прогласено за „Електрично бизнис возило за 2021 година“

Slider

15/02/2021

Peugeot e-208 ја освои првата награда во категоријата „Electric Business 2021“, на шестото издание на “Business Trophies 2021” се одржа во Париз, во организација на списанието „Километрес ентерприс“.

Наградите беа доделени од жири составено од четиринаесет новинари, од кои 12 беа од редакцијата на „Километрес ентерприс“.

Станува збор за девет „бизнис“ трофеи, за вкупно 79 возила избрани помеѓу иновативните креации, што ги исполнуваат критериумите за професионална употреба во компаниите.

Во категоријата „Electric Business“ за 2021 година, Peugeot e-208 победи 11 кандидати со вкупно 20 поени и ја освои првата награда.

Peugeot 208 веќе доби 26 награди од неговото лансирање во октомври 2019 година, вклучувајќи ја и наградата за „автомобил на годината во 2020 година“. Новиот Peugeot 208 ги вклучува најновите стилски кодови на брендот, особено со иновативниот Peugeot i-Cockpit® со 3D-инструмент табла, при тоа безбеден и естетски.

Тој им овозможува „слобода на избор“ на идните клиенти, бидејќи нуди верзии со три различни мотори: електричен, бензински и дизел.

„Многу сме горди што Peugeot e-208 е признат како најдобро деловно електрично возило на годината. Стратегијата на брендот за создавање производ на оваа мулти-енергетска платформа е наградена и дозволува Peugeot 208 да биде препознатлив по неговите внатрешни квалитети.

– Имаме амбиција да го зголемиме обемот по оваа година на целосна комерцијализација, Peugeot e-208 има најдобри трошоци за употреба во својата категорија и ние мора да продолжиме да напредуваме за да достигнеме пазарен удел со Peugeot e-208 повисок од оној на Peugeot 208 со мотор со внатрешно согорување, – изјави Иг де Лаж, – B2B Менаџер за продажба во Франција.

Извор: PR Peugeot

Повеќе содржини за Peugeot:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider