Slide

Стории

Peugeot е бренд со најдобар имиџ меѓу купувачите во Франција

Slide

Истражувањето било направено на примерок од 14.000 испитаници од Франција, а Peugeot успеал да добие повеќе гласови од германските премиум ривали

22/09/2020

Студијата на интернационалната агенција за истражување „YouGov“ покажа дека брендот Peugeot има најдобар имиџ меѓу претставниците на автомобилскиот сектор во Франција.

Истражувањето било направено на примерок од 14.000 испитаници од Франција, а Peugeot успеал да добие повеќе гласови од германските премиум ривали.

На ваквиот статус на брендот со логото со лав влијае препознатливата доверливост, иновативната технологија и атрактивниот дизајн на актуелните модели, како и промовирањето на електричните изведби кои се одлично прифатени меѓу купувачите.

Учесниците во анкетата го профилирале и типот на купувачи кои преферираат Peugeot, па 79% од нив истакнале дека им се допаѓа фактот што нивното возило е добро адаптирано за целото семејство, 36 проценти од испитаниците сметаат дека рекламните кампањи на брендот се забавни, а 31% порачале дека купуваат само француски автомобил.

Најголем процент на испитаниците кои го истакнале имиџот на Peugeot како најдобар, се возачи на возраст меѓу 45 и 54 години.

Фановите на Mercedes кој го освои второто место најчесто (65%) посочувале дека се привлечени од моторите на овој бренд, додека кај третопласираниот Audi најважна е технологијата.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Volvo наскоро ќе започне произведува каросерии од само неколку големи алуминиумски парчиња
Новата платформа за електрични автомобили на BMW во 2025 ќе ги замени актуелните CLAR и UKL платформи
Volvo во 2026 ќе отвори нова фабрика за производство на електрични автомобили во Словачка
Jaguar го зголеми гарантниот период на 5 години или 150,000 изминати километри