Slide

Вести

Peugeot е лидер во B сегментот на електрични возила во Европа во 2022 година

Slide

Имено, Peugeot поради можностите и флексибилноста на е-CMP платформата, успеа прилично рано да лансира електрични изведби за своите модели во помалиот B сегмент. Тоа се хеџбекот е-208 и кросоверот е-2008.

16/01/2023

По сумирањето на резултатите од изминатата, турбулентна година во автомобилската индустрија, на површина испливуваат моделите и производителите кои успеаја да постигнат најдобри резултати во 2022.

Особено е интересна битката за продажби во електричниот сегмент каде освојувањето на значаен пазарен удел на почетокот на електрификацијата обезбедува подобра стартна позиција во годините што следат.

И додека Volkswagen и Tesla ја водат битката за лидерските позиции во овој сегмент со своите модели од C сегментот, интересен е фактот што Peugeot, францускиот производител во рамки на Stellantis групацијата, кој има два електрични модели во B сегментот, успеа да се најде на врвот според продажбата во овој сегмент.

Имено, Peugeot поради можностите и флексибилноста на е-CMP платформата, успеа прилично рано да лансира електрични изведби за своите модели во помалиот B сегмент. Тоа се хеџбекот е-208 и кросоверот е-2008.

Лансирањето на електрични изведби за поголемите модели во рамките на Stellantis групацијата, како што се Peugeot 308 и Opel Astra е потребно повеќе време, па нивното лансирање го очекуваме дури кон средината или при крајот на оваа година.

Но, затоа во меѓувреме, одличните продажби на изведбите на популарниот хеџбек и кросовер (208 и 2008) со мотори со внатрешно согорување, Peugeot успеа да ги капитализира и во однос на електричниот сегмент.

Па така, според Peugeot, тие успеале да продадат вкупно 76,000 примероци од овие два модела.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели