Slider

Новитети

Peugeot го одбележа јубилејот и го промовираше својот најмоќен автомобил досега – Peugeot 508 PSE

Slider

Peugeot 508 Peugeot Sport Engineered фактички е плаг-ин хибрид кој располага со бензински мотор и два електро-мотора, а со тоа добива и погон на сите тркала за посакувана тракција

24/09/2020

Француски Peugeot денеска го одбележа својот 210. роденден, истакнувајќи го своето присуство подолга од два века во повеќе индустрии, потенцирајќи ги пред се успесите во унапредување на мобилноста.

Настанот беше искористен за промовирање на Peugeot Sport Engineered како нова специјализирана секција која ќе развива и промовира перформанс модели со електрифициран погон.

Токму премиерата на моделот 508 PSE e најдобра најава за иднината на спортските изведби кои ќе го комбинираат електрифицираниот погон со моќни перформанси, а првиот претставник на Peugeot Sport Engineered ќе располага со 360 коњски сили.

Тоа го прави најмоќно Peugeot во историјата на брендот, а инженерите на францускиот производител направиле ревизија на шасијата, позицијата на возачот и суспензијата за да добијат подобри резултати во однос на возните карактеристики.

Peugeot 508 Peugeot Sport Engineered фактички е плаг-ин хибрид кој располага со бензински мотор и два електро-мотора, а со тоа добива и погон на сите тркала за посакувана тракција.

Електричната автономија стигнува до 42 километри, забрзувањето до 100 км/ч трае 5,2 секунди, додека 508 PSE ќе биде достапен како седан и како комби изведба.

Peugeot се погрижи и за премиум амбиент во кокпитот, каде е обезбеден модерен и спортски дизајн, i-Cockpit вообичаено доаѓа со помал волан, високо поставена инструмент табла и 10-инчен екран, a во кабината ќе се ужива и во квалитетниот звук од аудио системот на Focal.

На денешниот настан, претставниците на Peugeot Sport Engineered најавија сериозен интензитет во лансирањето на спортските електрифицирани модели, кои ќе овозможат континуитет на брендот на подолг рок во овој сегмент и во моторспортот.

Истовремено, првиот човек Жан-Филип Импарато и главниот дизајнер Матијас Осан најавија уште многу изненадувања од Peugeot, вклучувајќи ја електрифицираната иднина, но и продолжување на препознатливиот и секогаш уникатен дизајнерски стил на брендот.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider