Slide

Новитети

Peugeot го потврди изгледот на 508 PSE, плаг-ин спортистот со 360 кс

Slide

Францускиот бренд објави фотографии од изгледот на прототипот на 508 PSE на социјалните мрежи, индиректно најавувајќи ја завршната тест фаза на атрактивниот седан со плаг-ин хибрид погон

24/02/2020

Во пресрет на премиерата на октомврискиот Саем во Париз, Peugeot започна нова фаза од финализацијата на својот нов електрифициран модел, односно 508 PSE (Peugeot Sport Engineered).

Францускиот бренд објави фотографии од изгледот на прототипот на 508 PSE на социјалните мрежи, индиректно најавувајќи ја завршната тест фаза на атрактивниот седан со плаг-ин хибрид погон, која подразбира завршно улично тестирање на изведбата предвидена за сериско производство.

Дизајнерскиот тим се погрижил Peugeot 508 PSE да добие навистина динамичен и агресивен изглед, со придонес на модификациите на маската и предниот браник, 20-инчните тркала, како и дополнителните дифузори кои ќе влијаат на аеродинамичноста.

Задржувањето на карактеристиките најавени со концептот не е изненадување и делува како дополнително ветување дека овој спортист ќе ги импресионира купувачите.

Она што за нив е најважно е фактот дека погонската единица ќе располага со 360 коњски сили за чија продукција се задолжени 1,6-литарски бензинец со 200 кс и два електро-мотора поставени на оските, што го потврдува и погонот на четири тркала.

Најавите се дека Peugeot 508 PSE ќе стигнува до стотка за 4,2 секунди, а благодарение на батеријата со која ќе располага, ќе овозможи електрична автономија од околу 45 километри.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа