Slide

Новитети

Peugeot го претстави фејслифтот на седанот 508 – сега достапни се дури три хибридни мотори

Slide

Дизајнот на маската одлично доаѓа до израз во оние случаи кога бојата на каросеријата е контрастна во однос на маската. Отсега заинтересираните купувачи ќе имаат вкупно 7 опции за избор во однос на бојата на каросеријата.

28/02/2023

На половина од генерацискиот циклус на адутот на Peugeot помеѓу седаните, време е за освежување на изгледот. 

И двете каросериски изведби (моделот има и SW изведба), се редизајнирани и подготвени за конкурирање со останатите модели од сегментот.

Иако производителот не пропушта да ги нагласи технолошките иновации кои ќе започнат да се испорачуваат со фејслифт верзијата, прв впечаток во надворешноста е новото визуелно решение во однос на маската и нејзиното интегрирање заедно со елементот во кој се поставени светлата, надополнети со трите канџи. Се забележува дека трите канџи сега се уште потенки споредено со имплементацијата кај останатите модели на брендот.

Овие три елементи формираат една доминантна целина во која одлично се вклопува новото лого на брендот.

Овој дизајн одлично доаѓа до израз во оние случаи кога бојата на каросеријата е контрастна во однос на маската. Отсега заинтересираните купувачи ќе имаат вкупно 7 опции за избор во однос на бојата на каросеријата.

Се забележуваат и помалку релјефни површини во споредба со изгледот на моделот пред фејслифтот.

Ефектот со котрастните бои е постигнат и кај алуминиумските фелни со 5 краци – тренд кој сѐ почесто го гледаме во изминативе неколку години.

Одзади, логото сега повеќе го нема, на негово место е испишано името на брендот, уште еден тренд кој ја зафати автоиндустријата во изминативе неколку години. 

Трите нивоа на опременост во кои ќе биде достапен 508 (Allure, GT и Sport Engineered), ги класифицираат и технолошките новитети кои ќе бидат достапни за купувачите.

Во внатрешноста, како што и може да се очекува за модел од гамата на Peugeot, вниманието веднаш го привлекува i-Cockpit-от. 

Во последната деценија, Французите успеваат да го надградат овој концепт со секое лансирање на нов модел на кој се имплементира, а таков е случајот и со редизајнираниот 508.

Очекувано, новото лого е поставено и на управувачот, а зад него се забележуваат новите функционалности на високо поставената дигитална инструмент табла. Десно на централната конзола е поставен 10-инчниот екран, кој се забележува дека е накосен во правец на возачот.

Од содржински аспект, екранот сѐ уште ја користи функционалноста која овозможува mirroring – односно пресликување на содржините од мобилниот телефон на возачот.

Во очекување на првите имплементации на Android Automotive платформата на Google за која Stellantis пред неколку години склучи договор со технолошкиот гигант, тимовите во Peugeot креирале интересни подобрувања на нивниот оперативен систем преку креирање на многу полезни виџети – кои му овозможуваат на возачот полесно и побргу да стигне до посакуваната функција.

Безбедноста е еден од клучните аспекти кои се важни за купувачите од овој сегмент, па тука Peugeot не остава ништо на случајноста. Покрај адаптивниот темпомат, тука е и системот за детекција на пешаци и велосипедисти, кој функционира и во ноќни услови и на брзини и до 140 km/h. 

Подолу на централната конзола, кај хибридните модели се забележува уште едно копче – B, тоа е режим на возење кој овозможува дополнителна рекуперација на енергија во процесот на сопирањето. 

Новина се двете плаг-ин хибридни изведби, и двата со електричен мотор со сила од 81 kW. Разликата меѓу нив е во PureTech бензинскиот мотор кој може да има сила од 150 hp или 180 hp во посилната верзија.

Погонот кај овие два хибридни мотори ја придвижува само предната оска. Но, за љубителите на спортското возење, кај Sport Engineerеd изведбите достапен е уште еден, помоќен хибриден погон кој вклучува дополнителен електричен мотор со сила од 83 kW, кој ја придвижува задната оска.

Гамата ја дополнуваат уште една бензинска (1.2-литарски бензинец со 130 hp) и една дизел изведба со 1.5-литарски мотор и сила од 130 hp.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа