Slider

Новитети

Peugeot го претстави фејслифтот на ултра популарниот 3008

Slider

Надградбата го зафатила и ентериерот, во кокпитот се добива 12,3-инчна дигитална инструмент табла со сите последни иновации достапни за овој елемент, а централниот екран исто така со подобрена графика и опции стигнува до 10 инчи

01/09/2020

Потенцијалот на Peugeot 3008 беше најавен експресно со големиот интерес меѓу купувачите, а подоцна и со признанието Европски автомобил за 2017 година.

Од премиерата на компактниот SUV веќе се продадени над 800.000 примероци, а Французите денеска премиерно ги објавија фотографиите и карактеристиките на освеженото издание.

Дизајнот на 3008 изгледа свежо и неколку години по премиерата, но Peugeot е бренд кој посветува посебно внимание на овој сегмент, па и не изненадува што популарниот SUV оди чекор понапред.

Лесно се забележува промената на сега „фрејмлес“ маската која е надополнета со новата форма на светлата, додека вертикалните дневни LED светла веќе се препознатливи за голем дел од гамата на францускиот производител.

Тоа важи и за името на моделот кое е вметнато на поклопецот за моторот, а освежен е и задниот дел каде во прв план се специфичните светла со LED технологија.

Надградбата го зафатила и ентериерот, во кокпитот се добива 12,3-инчна дигитална инструмент табла со сите последни иновации достапни за овој елемент, а централниот екран исто така со подобрена графика и опции стигнува до 10 инчи.

Деталите за персонализација и квалитетот на материјалите одат на повисоко ниво, а Peugeot 3008 ги добива и системите како адаптивен темпомат кој овозможува полуавтономно управување, Night Vision и најновата генерација на системот за автономно сопирање.

Купувачите ќе можат да изберат меѓу 1.5-литарскиот дизел со 130 коњски сили, бензинците со 130 и 180 коњски сили, како и две плаг-ин хибрид изведби. Откако претходно беше промовирана конфигурацијата со 300 коњски сили и погон на сите тркала, отсега ќе може да се порача и изведбата со 225 коњски сили и погон на предните тркала.

Разликата во електричната автономија не е голема, бидејќи верзијата со помоќен погон обезбедува 59, а таа со 225 кс – 56 километри на електричен погон.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider