Новитети
Peugeot го вклучи e-Rifter во својата гама на електрични автомобили
Францускиот бренд Peugeot продолжува со глобалната стратегија за електрификација на целата своја гама на патнички возила, а во иднина на електричен погон ќе биде достапен и Peugeot Rifter.
Новиот e-Rifter ќе ги користи препознатливите функционални предности на класичниот модел, а дополнително овозможува движење со нулта емисија и автономија до 280 километри со едно полнење на батеријата.
Тоа подразбира и дека купувачите ќе можат да изберат меѓу две изведби во однос на должината, максималниот капацитет на багажникот стигнува до 1.050 литри, а капацитетот на влечењето е задржан на 750 килограми.
Во ентериерот доминира препознатливиот i-Cockpit концепт со 10-инчен екран осетлив на допир, а на купувачите им е достапна и TomTom навигација со 3D проекција.
Електричниот погон обезбедува 136 коњски сили и забрзување до 100 км/ч за 11,2 секунди, а максималната брзина на Peugeot e-Rifter e ограничена на 130 км/ч.
Повеќе содржини за Peugeot: