Slider

Новитети

Peugeot во вклучува e-Partner во својата електрична понуда

Slider

26/01/2021

Француски Peugeot е меѓу автомобилските брендови кои веќе сериозно ја електрифицираа својата гама, а тоа посебно важи и за таа на комерцијални возила кои во иднина ќе бидат достапни на електричен погон.

Во таа насока оди и премиерата на e-Partner, или електричната изведба на најпродаваното комерцијално возило на Peugeot и ванот кој дефинитивно ќе ги извршува своите професионални обврски без да ги загадува урбаните средини.

По промоцијата на e-Expert и e-Boxer, на ред дојде нивниот најмал роднина од LCV понудата, а она што е најважно за e-Partner, е дека нема да ги загуби своите препознатливи вредности.

Автономијата со едно полнење на батеријата ќе изнесува до 275 километри, што е повеќе од доволно за извршување на различни задачи, а останува достапен во две изведби (4,4 и 4,75 метри).

Идентични се и вредностите за карго просторот во однос на класичниот Partner, така што останува корисниот простор од 4,4 кубни метри и можноста да се пренесе товар до 800 килограми, а конфигурацијата на седење може да варира меѓу три и пет седишта.

Посебен адут на Peugeot e-Partner e i-Cockpit, односно претставителниот изглед на кокпитот кој му дава идентични придобивки на возачот како и кај патничките автомобили на францускиот бренд.

Повеќе содржини за Peugeot:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider