Slide

Вести

Peugeot i-Cockpit: Еволутивниот концепт веќе воодушевува над 5 милиони возачи

Slide

Peugeot потенцира дека i-Cockpit веќе станал еден симбол на брендот, дел од ДНК на Peugeot и во неговите предности уживаат над 5 милиони возачи на повеќе континенти

23/04/2020

Францускиот производител Peugeot започна целосно нова дизајнерска приказна со назначувањето на Жил Видал за прв човек на дивизијата во 2010 година.

Покрај тоа што изминатава деценија Peugeot успеа да се придвижи поблиску до премиум конкуренцијата, најголемиот дел од моделите заработија многу комплименти и признанија токму за дизајнот.

За краток период Peugeot освои три признанија Европски автомобил на годината, а новиот 208 годинава беше и меѓу тројцата финалисти за најдобар дизајн во изборот Светски автомобил на годината.

Покрај атрактивниот екстериер на автомобилите, Видал и неговиот тим имплементираа уште еден елемент, кој се покажа како посебна вредност за понудата на Peugeot. Тоа е i-Cockpit или целосно новиот концепт за уредување на кокпитот, кој првпат беше најавен со концептот SR1 во 2010 година, дебитираше кај 208 две години подоцна, а до денеска еволуираше во уште поатрактивно издание кое носи посебни специфики во секој модел.

Концептот SR1 од 2010 година како најава за иднината на Peugeot во ерата на Видал

Peugeot потенцира дека i-Cockpit веќе станал еден симбол на брендот, дел од ДНК на Peugeot и во неговите предности уживаат над 5 милиони возачи на повеќе континенти.

Главните карактеристики на i-Cockpit се помалиот спортски волан, инструмент табла поставена повисоко која кај новите модели доби и 3D графика, специјалните „пијано“ команди и екраните осетливи на допир во различни димензии.

Французите се убедени дека обезбедиле врвно ниво на ергономија и i-Cockpit носи задоволство за очите, телото и рацете на возачот, подразбирајќи ги и квалитетните материјали кои оставаат солиден впечаток на секој допир.

Дизајнерскиот тим на Peugeot вели дека нивната „лабораторија на идеи“ продолжува да работи со високо темпо, а секоја наредна премиера на брендот ќе носи еволуција и за веќе прославениот i-Cockpit.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба