Slider

Новитети

Peugeot 5008 ја продолжува успешната мисија во освежено издание

Slider

Дизајнерските промени одат во насока на она што го видовме кај 3008, што подразбира препознатлива „фрејмлес“ маска, нова форма на светлата и вметнување на вертикалните дневни LED светла во вид на „лавовски заби“

03/09/2020

Два дена по промоцијата на освеженото издание на 3008, Peugeot го претстави и новото издание на поголемиот 5008, кој исто така вози во својата прва генерација.

Трансформацијата од моноволумен во фамилијарен SUV се покажа како одлична одлука на Peugeot, па автомобилот кој обезбедува и трет ред седишта е продаден во над 300.000 примероци од својата премиера пред неколку години.

Дизајнерските промени одат во насока на она што го видовме кај 3008, што подразбира препознатлива „фрејмлес“ маска, нова форма на светлата и вметнување на вертикалните дневни LED светла во вид на „лавовски заби“.

Премиум амбиентот во ентериерот е надополнет со надградба на i-Cockpit со 10-инчен централен екран, подобрена графика и функции на дигиталната инструмент табла, но и уште подобра селекција на материјалите користени во кабината.

Големиот Peugeot 5008 доаѓа со три посебни седишта во вториот ред, дополнителни две седишта во третиот ред, како и капацитет на багажникот од 780 литри во конфигурација со пет седишта.

Идентично како и новиот 3008 и овој SUV добива уште понапредни технолошки системи вклучувајќи ги функциите поврзани со адаптивниот темпомат меѓу кои и полуавтономното возење со стоп&го опцијата, системот „Night Vision“, препознавање на сообраќајни знаци, автономно сопирање и друго.

Најпребирливите купувачи ќе може да ја изберат и „Black Pack“ изведбата со највисоко ниво на опременост, но и дополнителни детали во црна боја на екстериерот и во ентериерот.

Во однос на моторите, Peugeot 5008 ќе биде достапен со бензинските изведби со 130 и 180 коњски сили, како и со дизел варијации со истата моќност, при што четирите опции се достапни и со автоматска трансмисија.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider