Slider

Новитети

Peugeot ја засилува електричната понуда со e-Boxer

Slider

По лансирањето на електричниот e-Expert, сега е претставен и е-Boxer, односно електрична изведба на Boxer, кој од 1994 година е продаден во над 1,25 милион примероци

27/08/2020

Peugeot може да биде горд на продажбата на своите комерцијални возила, а францускиот бренд веќе е сериозн подготвен и за следната фаза од изршувањето на професионалните задачи, која подразбира електрификација.

По лансирањето на електричниот e-Expert, сега е претставен и е-Boxer, односно електрична изведба на Boxer, кој од 1994 година е продаден во над 1,25 милион примероци.

Peugeot e-Boxer ќе биде достапен со два вида батерии, односно со батерија со капацитет од 37 kWh и 70 kWh, при што првата обезбедува автономија од 200 километри, додека со втората, L3 и L4 изведбите на e-Boxer ќе може да поминат 340 километри со едно полнење.

Електричната изведба на Boxer нема да биде хендикепирана во однос на капацитетот за извршување на своите основни задачи, па компаниите повторно ќе може да изберат три должини на меѓуоскиното растојание (3, 3,45 и 4,04 метри).

Панел ван изведбата доаѓа со четири должини на возилото, три различни височини и пет различни форми кои овозможуваат варијација на товарниот капацитет и носивоста меѓу 8 и 17 кубни метри, односно до 1890 килограми.

Peugeot e-Boxer ќе биде достапен и со единечна и двојна кабина, како и во шасија изведбата, со што неговата функционалност и позитивни страни ќе може да се искористат во повеќе бизниси и за различни потреби.

Погонската единица ќе обезбедува 122 коњски сили и постојано достапен вртежен момент од 260 Nm.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider