Slide

Вести

Peugeot ќе додаде уште еден, четврти SUV модел во своето портфолио, именуван како 408

Slide

Првата тизер фотографија го прикажува само новото лого на брендот и ознаката 408.

01/06/2022

Групацијата Stellantis во 2023 година планира да лансира кросовер во “C” сегментот, кој ќе има и плаг-ин хибридни мотори, а ќе го збогати SUV порфтолиото на брендот Peugeot.

Кросоверот ќе има форма на SUV купе, ќе биде именуван како Peugeot 408, a ќе излезе од производните ленти во француската фабрика во Мулхаус.

Тој ќе биде поставен на EMP2 платформата, која беше развиена од тогашната PSA групација во соработка со Toyota. Платформата е во употреба од 2013 година, за повеќе модели на брендовите во рамки на групацијата Stellantis, меѓу кои и C4 Picasso, Opel Astra, како и новиот Peugeot 308.

Новиот модел е има и PHEV погон, чија најмоќна верзија ќе има сила од 225 hp (181 hp од 1.6-литарскиот бензински четирицилиндерски мотор, дополнета со 81 kW од електричниот мотор). Вртежниот момент на овој мотор е 360 Nm.

Силата на моторот ќе се пренесува на предната оска преку осум-степена автоматска трансмисија, а енергијата се складира во 12.4 kWh батерија. 

Ќе се нуди и помал, 1.2-литарски бензински мотор со 131 hp. Не би требало да се очекуваат дизелски мотори во понудата на 408.

Што се однесува до изгледот на моделот, на неколкуте фотографии кои се појавија во медиумите, тој е прилично камуфлиран. Она што може да се забележи се предните светла кои имаат изглед типичен за Peugeot. 

Од друга страна, првата тизер фотографија од производителот го прикажува само новото лого на брендот и ознаката 408.

Од камуфлираното возило на фотографиите може да се забележи дека кровот се протега до самиот заден дел на возилото во безмалку хоризонтална линија. 

Моделот официјално ќе биде претставен кон крајот на јуни.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Volvo наскоро ќе започне произведува каросерии од само неколку големи алуминиумски парчиња
Новата платформа за електрични автомобили на BMW во 2025 ќе ги замени актуелните CLAR и UKL платформи
Volvo во 2026 ќе отвори нова фабрика за производство на електрични автомобили во Словачка
Jaguar го зголеми гарантниот период на 5 години или 150,000 изминати километри