Slide

Вести

Peugeot ќе се врати на американскиот пазар со три модели

Slide

Во однос на моделите со кои Французите ќе ја започнат американската мисија, тоа ќе бидат новите генерации на 3008 и 5008 планирани токму за 2023 година, а во игра ќе биде изведба на 308 која ќе биде кросовер базиран на актуелниот компакт хечбек

13/08/2020

Враќањето на Peugeot на американскиот пазар е вклучено во долгорочната стратегија на групацијата PSA, a Французите се подготвуваат за овој важен чекор кој треба да се случи во 2023 година.

Планот е на Американците да им бидат понудени три модели, кои всушност ќе бидат кросовери, односно SUV модели, сегмент каде Peugeot веројатно со право очекува да се бори за посакуван пазарен удел на вториот најголем светски пазар.

Во стратегијата на Peugeot e вклучено концентрирање на петнаесетина сојузни држави каде се очекува интерес меѓу купувачите, а европскиот производител ќе мора да користи локални и веќе постоечки дилерски мрежи за да избегне трошоци за нивно формирање и финансирање.

Здружувањето со FCA во една компанија веројатно ќе го олесни и пристапот на Французите до добро раширената продажно-сервисна мрежа на италијанско-американската групација.o

Изминатиов период Peugeot веќе ги тестираше 508 и 3008 на американска територија, опипувајќи го пулсот на тамошните возачи, но и добивајќи од прва рака информации за нивните очекувања и приоритети.

Во однос на моделите со кои Французите ќе ја започнат американската мисија, тоа ќе бидат новите генерации на 3008 и 5008 планирани токму за 2023 година, а во игра ќе биде изведба на 308 која ќе биде кросовер базиран на актуелниот компакт хечбек.

Иако автомобилите ќе бидат подготвени за американското поднебје, Peugeot ќе ги користи имињата на моделите кои се актуелни на сите континенти.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Volvo наскоро ќе започне произведува каросерии од само неколку големи алуминиумски парчиња
Новата платформа за електрични автомобили на BMW во 2025 ќе ги замени актуелните CLAR и UKL платформи
Volvo во 2026 ќе отвори нова фабрика за производство на електрични автомобили во Словачка
Jaguar го зголеми гарантниот период на 5 години или 150,000 изминати километри