Slider

Вести

Peugeot на второто место во рангирањето за најомилените домашни брендови на Французите

Slider

Идентично како и во 2019 година, Peugeot останува на второто место и тоа зад Decathlon, кој пак не ја дава првата позиција, потврдувајќи го приматот број еден во својата бранша

26/10/2020

Автомобилскиот бренд Peugeot ја задржа високата втора позиција на Топ 50 рангирањето за најпопуларни брендови меѓу Французите.

Истата ја објавува „Журнал ди диманш“, сондирајќи го расположението меѓу жителите на Франција за тоа кои брендови уживаат највисок рејтинг меѓу нив.

Идентично како и во 2019 година, Peugeot останува на второто место и тоа зад Decathlon, кој пак не ја дава првата позиција, потврдувајќи го приматот број еден во својата бранша.

Зад Decathlon и Peugeot, останаа брендови како EDF (скок за седум места), E. Leclerc (скок за осум места), Leroy Merlin (скок за шест места), Renault (пад за три места), Yves Rocher (пад за едно место), Danone (раст за едно место)…

– Среќен сум што Peugeot е вториот најпочитуван бренд меѓу Французите, од 77 брендови кои влегле во студијата. Како 210-годишен бренд, ние сме важен дел од француската традиција, а последните 7 години исполнети со стабилност и постојан фокус на дизајнот носат придобивки за имиџот на брендот, – истакнува Жан Филип Импарато, CEO на Peugeot.

Претходно, Peugeot беше прогласен за автомобилски бренд со најдобар имиџ меѓу француските купувачи и од истражувањето направено од „YouGov“, за кое можете да прочитате на следниот ЛИНК.

 

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider