Slide

Стории

Peugeot најави продажен модел со цени од 150 евра месечно (за 500 километри), и седум центи за секој дополнителен километар.

Slide

Новите модели кои ќе бидат поставени на STLA Medium платформата ќе имаат автономија до 700 километри со едно полнење, а капацитетот на нивните батерии ќе се движи во распон од 87 до 104 kWh.

27/01/2023

Францускиот производител во рамки на Stellantis групацијата планира до 2030 година да воведе комплетно електрична гама во Европа. Во следните 3 години, пак, секој модел треба да има електрична изведба.

Peugeot ќе ја објави новата генерација својот SUV 3008 во втората половина на годинава, а тој е дизајниран примарно како електрично возило. 3008 ќе биде и првиот модел поставен на новата STLA Medium платформа.

По него ќе следи нова генерација на големиот SUV 5008, но во моментов немаме конкретни податоци за терминот на негово лансирање.

Жером Михерон, глобалниот продукт директор на Peugeot, вчера за време на “E-Lion” настанот, на кој присуствуваше и autofocus.mk, најави дека двата SUV модели се развивани првенствено како електрични возила, но на некои пазари ќе имаат и погони со мотори со внатрешно согорување.

За време на настанот имавме можност да ја слушнеме и Линда Џексон, извршниот директор на Peugeot, во однос на плановите на производителот на патот до комплетната електрификација.

Џексон најави дека компанијата која ја води до 2025 ќе понуди електрична изведба за секој модел во гамата, а во следните 3 години ќе лансира вкупно пет нови електрични модели: компактниот хеџбек е-308, е-308 SW (ќе бидат лансирани годинава), по што ќе следат е408 и 3008/5008.

Таа повторно потврди дека Peugeot по 2030 година во Европа ќе продава само електрични автомобили.

Што се однесува, пак, до популарниот 3008, новата генерација ќе биде достапна со три различни комплетно електрични погони, вклучувајќи и погон на двете оски со два електромотора.

Моделите кои ќе бидат поставени на STLA Medium платформата ќе имаат автономија до 700 километри со едно полнење, а капацитетот на нивните батерии ќе се движи во распон од 87 до 104 kWh.

Понатаму, Џексон и Михерон најавија дека подготвуваат комплетен редизајн на нивниот HMI (human-machine interface) кокпит.

Новиот кокпит ќе има микс од функционалности кои ќе произлегуваат од неколку технолошки платформи развиени од групацијата Stellantis: STLA Brain (централен компјутерски систем со безжични надградби), STLA Smart Cockpit (платформа посветена на инфотејнмент) и STLA Autodrive (платформа наменета за автономното управување).

Но, освен технолошките иновации, вчера беше најавен и нов бизнис модел во однос на малопродажбата. Имено, менаџментот имаше прилика да објави дека во иднина тие планираат нови канали на продажба за да ги направат достапни своите електрични автомобили за што поголем број на клиенти.

Имено, освен опцијата за традиционално купување на ново возило, Peugeot ќе нуди уште една можност, програма преку која сопствениците би плаќале месечни надоместоци во зависност од тоа колку километри поминуваат со својот автомобил. Беше објавено дека хеџбекот е-208 ќе може да се добие за износ од 150 евра месечно (претплата која вклучува 500 километри), а секој дополнителен километар ќе чини седум евро центи.

Втората прогама би вклучувала месечни рати кои би ги покривале трошоците за лизинг, сервиси, осигурување, полнење на батеријата и одржување. Но, за оваа програма не беа објавени детали.

Slide
Slide

Најнови содржини

Audi ќе ги именува електричните модели со парни броеви, додека оние со мотори со внатрешно согорување – со непарни
Dacia Sandero е на пат да стане најпродаван модел во Европа во два последователни месеци
Neue Klasse платформата ќе му овозможи на BMW преполовување на трошокот потребен за производство на еден автомобил 
Со EV9, Kia планира да ги претрка конкурентите од Европа и Јапонија во сегментот на големи електрични SUV модели