Slide

Вести

Peugeot најавува понуда од дури 9 електрични модели во првата половина од 2023 година

Slide

Она што останува за следната година е долго очекуваната електрична изведба на компактот 308 во хеџбек и караван каросериски изведби, а тука е и целосно новиот модел е-408.

04/10/2022

Францускиот производител во рамките на Stellantis групацијата најавува електрична офанзива за првата половина на следната година. Без компромиси, соопштението од Peugeot најавува електрични или електрифицирани изведби на сите модели во гамата, важен чекор кон ултимативната цел: за седум години од сега, целата гама на Peugeot ќе биде исклучиво електрична.

Веќе голем број од моделите на Peugeot веќе се нудат како електрични изведби. Помеѓу нив се малиот хеџбек 208, кросоверот 2008, како и целата комерцијална гама на брендот.

Она што останува за следната година е долго очекуваната електрична изведба на компактот 308 во хеџбек и караван каросериски изведби, а тука е и целосно новиот модел е-408.

Лансирањето на 408 е потврдено дека ќе се случи следната година, а покрај електирчната изведба, тој ќе се нуди и со плаг-ин хибриден погон.

За првата половина на следната година SUV моделите 3008 и 5008 сѐ уште ќе се нудат во хибридни изведби, но Французите најавуваат нова хибридна технологија, која за првпат ќе се воведе кај некој од брендовите во Stellantis групацијата.

Но, работата не е завршена кај моделите кои веќе имаат електрични изведби. Имено, веќе споменатиот 208, кој има своја електрична изведба нема да бидат запоставен. Кај него ќе се воведат нови електрични мотори со 115kW, што претставува за 15% повеќе сила во споредба со тековната понуда (100kW).

Освен силата, моделот ќе добие и поголема автономија за 10-тина проценти, што во прака претставува 40-тина километри повеќе со едно полнење на батеријата.

Следната година се очекува и проширување на понудата на погон на водорот. Имено, моделот Expert годинава започна да се нуди и со погон на водорот, во форма на пилот проект, за веќе избрани флотни клиенти. Планот е оваа понуда да се прошири на поголем број компании во Европа.

И како заокружување на стратегијата на Peugeot за електричната мобилност , следната година ќе бидат лансирани и 100% електричен скутер, како и неколку електрични велосипеди. Скутерот е наречен e-Streetzone и ќе има автономија од 112 километри.

Освен него, одделот за развој на велосипеди ќе понуди гама составена од 6 електрични велосипеди.

Сите овие планови имаат за цел да го направат Peugeot еден од производителите со најсеопфатна и најразновидна електрична понуда во индустријата.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

Opel ги објави деталите за очекуваната електрична изведба на Astra
Екстра перформанси од Audi RS6 Avant Performance и RS7 Sportback Performance
Tesla го овозможи автономното управување кај сите сопственици на возило од нивниот бренд во Северна Америка
VW Group ги стопира рекламните кампањи на Twitter по преземањето на социјалната мрежа од Илон Маск