Slider

Стории

Peugeot одбележа 210 години постоење со уникатно постигнување на својата гама

Slider

Peugeot досега шест пати го има освојувано признанието, но она што посебно импресионира е дека во периодот меѓу 2014 и 2020 година, успеа да стигне до три награди „Европски автомобил на годината“

01/10/2020

Брендот Peugeot одбележува 210 години од своето постоење, јубилеј кој носи посебен респект за француската компанија која е синоним за иноватор, позната по креативни и уникатни дизајнерски решенија, првенец во воведување на новитети, но и современ реалист кој е по мерка и за најпребирливите потрошувачи.

А од Peugeot би надополниле дека е се работи и за бренд кој во своето работење се потпира на два главни постулати: емоција и движење!

– Ако сме доволно паметни и силни, од Peugeot ќе создадеме еден од најголемите бизниси во индустријата на Франција,- рекол Арман Пежо, најзаслужен што Peugeot се трансформира во еден од лидерите во индустријата на велосипеди, а подоцна и на автомобили.

Храброста на Peugeot може да се декодира и во актуелната дизајнерска филозофија, но и останатите квалитети со кои францускиот бренд оствари еден уникатен успех.

Признанието „Европски автомобил на годината“ и натаму е најпрестижен за производителите и тие со своите новитети се стремат да ги импресионираат специјализираните новинари кои ја следат автомобилската индустрија.

Peugeot досега шест пати го има освојувано признанието, но она што посебно импресионира е дека во периодот меѓу 2014 и 2020 година, успеа да стигне до три награди „Европски автомобил на годината“.

Серијата започна со компактот 308 во 2014 година, продолжи со автентичниот SUV 3008 во 2017, а кулминираше со втората генерација на 208 за актуелната 2020 година.

Тоа значи дека Peugeot истовремено во својата гама има три лауреати, односно влегувањето во продажните салони на брендот со лого со лав ве соочува со три автомобили кои стигнале до престижното признание.

Новиот 2008 влезе во конкуренција како кандидат за признанието за 2021 година, а во меѓувреме Peugeot гордо го истакнува фактот дека лансираше и достапни електрични изведби на 208 и 2008, во најава се голем број електрифицирани модели, вклучувајќи ги и перформанс изведбите од PSE одделот.

Peugeot најавува дека и во третиот век од своето постоење ќе продолжи да биде иновативен и храбар бренд и дека неговите амбиции ќе бидат надградени на глобално ниво.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider