Slider

Вести

Peugeot остана без Жил Видал, познат и новиот предводник на дизајнерскиот тим

Slider

28/07/2020

Иако досега немаше никакви навестувања за вакво сценарио, Peugeot потврди дека предводникот на дизајнерскиот тим Жил Видал заминува од компанијата.

Видал кој е најзаслужен за атрактивниот изглед на целата гама на францускиот бренд веќе нема да го предводи центарот за дизајн на Peugeot и ќе биде заменет со 40-годишниот Матијас Осан.

Матијас Осан од 2013 година е меѓу дизајнерите задолжени за концептите на Peugeot

За работата на Видал доволно сведочат дизајните на актуелните генерации на автомобили како 208, 508, 2008, 3008 и други, а поради истите заработи многу важни дизајнерски признанија во целиот свет.

Видал ја извршуваше функцијата од 2010 година, откако и почна да го трансформира дизајнот на Peugeot, a во рамките на групацијата PSA работеше од 1996 година.

Французите се обидуваат да одржат континуитет со назначувањето на Осан, кој изминатиов период беше дел од дизајнерскиот тим на Peugeot, a работел и на дизајнирањето на концептите како Quartz и e-Legend.

Промената во Peugeot е втора голема во само два дена, откако претходно Алехандро Месонеро-Романос го напушти Seat за повторно да се врати во Renault.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider