Slider

Вести

Peugeot освои три „Best Buy“ награди во изборот на „What Car?“

Slider

Во образложението за начинот на кој првата генерација на Peugeot e-208 ја освои наградата за автомобил на годината во својата категорија, „What Car?“ потенцира дека членовите на жирито биле импресионирани од уникатната филозофија на брендот „Избери твој Peugeot, избери твој погон“

08/10/2020

Британскиот магазин „What Car?“ му го додели признанието за најдобар мал електричен автомобил на Peugeot e-208, кој со својот концепт успеа да добие повеќе гласови од експертите во силна конкуренција.

Во ерата на забрзана електрификација, оваа награда е посебна гордост за дебитантот во ова друштво, но Peugeot доби „Best Buy“ признание и со класичниот 208, но и со 5008.

Признанијата се доделуваат секоја година во различни класи, но годинава првпат е вметната посебна категорија за мали електрични автомобили, каде e-208 зад себе ги остави Renault Zoe и Honda e.

Во образложението за начинот на кој првата генерација на Peugeot e-208 ја освои наградата за автомобил на годината во својата категорија, „What Car?“ потенцира дека членовите на жирито биле импресионирани од уникатната филозофија на брендот „Избери твој Peugeot, избери твој погон“.

Тоа подразбира дека идентично дизајнираниот автомобил е достапен со бензински и дизел мотори, но и на електричен погон, без да се прави компромис со практичноста, достапната опрема и капацитетот на автомобилот.

Истакнати се и позитивните импресии од ентериерот во Allure нивото на опременост, вклучувајќи ја 3D дигиталната инструмент табла, како и потврдената автономија која не отстапува многу од спецификацијата на производителот.

Класичниот Peugeot 208 е победник во категоријата за мали автомобили со цена над 19.000 фунти, каде доби „Best Buy“ ознака пред премиум ривали како Audi A1 и Mini, додека Peugeot 5008 e број еден меѓу големите SUV модели во својата ценовна категорија.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider