Slide

Вести

Peugeot почна со производство на 208 и во Аргентина

Slide

26/08/2020

Инвестицијата од 320 милиони американски долари овозможи фабриката Ел Паломар во Аргентина да стане една од најмодерните во рамките на групацијата PSA, а таму веќе започна производството на новата генерација на Peugeot 208.

Аргентинската продукција ќе биде наменета за јужноамериканските пазари каде Peugeot ги продава своите автомобили, а со производството на 208, PSA фактички првпат произведува автомобил поставен на CMP платформата на овој континент.

– Почетокот на производството на Peugeot 208 претставува почеток на нова ера за PSA во Јужна Америка. Нашата инвестиција ја засилува долгорочната посветеност на Аргентина и на нашите вработени и социјални партнери во оваа држава, – изјавил Патрис Лукас, прв човек на PSA во Јужна Америка.

Европскиот автомобил за 2020 година овозможува избор меѓу бензински и дизел мотор, односно целосно електричен погон, а производството во Ел Паломар е започнато по 620.000 часови кои биле посветени на развивање и комплетирање на проектот за реструктуирање и подготовка на фабриката.

На почетокот, на јужноамериканските пазари 208 ќе биде понуден со 1.2 и 1.6-литарски бензински мотори, а за подоцна е предвидено и производство на електричната е-208 изведба.

Покрај во Аргентина, Peugeot го произведува 208 и во фабриките во Словачка и Мароко.

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба