Slide 1

Новитети

Peugeot со Hypercar 9X8 во трка за четвртата победа на “24 Часа Ле Ман”

Slide 1

Задните крила долго време беа едни од клучните аеродинамични алатки кои се користеа за генерирање на "downforce", но од Peugeot уверуваат дека ефикасноста на 9Х8 во однос на аеродинамиката дозволуваат овој Hypercar да биде дизајниран без нив.

07/07/2021

Францускиот производител вчера официјално го претстави моделот 9Х8 со кој Peugeot ќе се врати на FIA World Endurance Championship следната 2022 сезона.

AutoFocus беше дел од медиумите кои учествуваа на презентацијата на која беа објавени сите детали, планови и идеи позади оваа одлука, а важноста на овој чекор ја нагласува и присуството на Линда Џексон, CEO на Peugeot која беше во главната улога на овој настан.

Враќањето во World Endurance Championship (WEC) натпреварувањето Французите го најавија кон крајот на минатата година. Потегот е дел од стратегијата на Peugeot да ги повтори успесите на култната “24 Часа Ле Ман” која е дел од овој шампионат.

Peugeot не е без искуство во WEC. Веќе има 3 победи на “24 Часа Ле Ман”. Две последователни победи со моделот 905 во 1992 и 1993 година, и една со моделот 908 во 2009 година.

Сега моделот 9Х8 Hypercar, со максимално дозволените 680КС и хибриден погон ќе биде адутот за нагласување на спортските гени на брендот.

galerija1
680 KS за новиот Hypercar
Сега моделот 9Х8 Hypercar, со максимално дозволените 680КС и хибриден погон ќе биде адутот за нагласување на спортските гени на брендот.
galerija1
Следење на дизајнерскиот тренд
Изгледот на 9Х8 е препознатлив по неколку дизајнерски карактеристики кои произлегуваат од другите модели на Peugeot, како што се трите шепи интегрирани во светлата
galerija1
i-Cockpit како инспирација
Од Peugeot нагласуваат дека слично внимание е посветено и на внатрешноста каде се преземени идеи од популарниот i-Cockpit.
galerija1
Погонски единици
Задниот погон на моделот 9Х8 ќе биде придвижуван од 2.6 литарски V6 бензински мотор со 680КС, на кој се надоврзува електричниот мотор со 271КС кој ќе ја придвижува предната оска
galerija1
F1 возачи за остварување на високите цели
Peugeot во следната сезона ќе се натпреварува со две возила, а за тимот ќе настапуваат и тројца поранешни F1 натпреварувачи Жан-Ерик Верн, Кевин Магнусен и Скот ди Реста.

претходна
следна

Последен пат кога Peugeot учествуваше на “24 Часа Ле Ман” беше пред точно една деценија, а водечките луѓе на брендот одлучија дека е време Peugeot се врати со учество на култната трка.

Но, за сезоната 2022 правилата се многу поразлични. Сега максималната сила може да биде 680КС, но на инженерите им останува прилично голема слобода во однос на дизајнот и развој на технологија која ќе им даде предност пред конкурентите.

Техничкиот директор на Peugeot Sport, Оливие Јансони изјави дека новите правила на WEC натпреварувањето им даваат слобода да бидат инвентивни, иновативни и да развиваат нови начини за оптимизација на перформансите на нивниот Hypercar, особено кога се работи за аеродинамиката.

Задните крила долго време беа едни од клучните аеродинамични алатки кои се користеа за генерирање на “downforce”, но од Peugeot уверуваат дека ефикасноста на 9Х8 во однос на аеродинамиката дозволуваат овој Hypercar да биде дизајниран без нив.

Јансони дополнително објаснува: “Регулативата дозволува само еден подвижен аеродинамички дел да биде поставен нa возилото. Нашите пресметки и компјутерски симулации покажуваат дека врвните перформанси се возможни и без задните крила”.

Засега не е познато кој е елементот кој ги заменил задните крила на нивното возило.

Изгледот на 9Х8 е препознатлив по неколку дизајнерски карактеристики кои произлегуваат од другите модели на Peugeot, како што се трите шепи интегрирани во светлата.

Од Peugeot нагласуваат дека слично внимание е посветено и на внатрешноста каде се преземени идеи од популарниот i-Cockpit.

Директорот за дизајн во Peugeot, Матијас Хосан нагласи дека целта на дизајнерскиот тим била надворешниот изглед на моделот 9Х8 да асоцира на дизајнерскиот стил на брендот.

Задниот погон на моделот 9Х8 ќе биде придвижуван од 2.6 литарски V6 бензински мотор со 680КС, на кој се надоврзува електричниот мотор со 271КС кој ќе ја придвижува предната оска.

Седумстепениот менувач автоматски ќе ја балансира силата помеѓу предната и задната оска, при што максималниот аутпут ќе биде 680КС.

Во прилог пренесуваме дел од поентите на Линда Џексон, CEO на Peugeot:

“24 Часа Ле Ман” е во срцето на стратегијата на Peugeot. Имаме голема бројка на електрифицирани модели кои веќе се во продажба во главните пазарни сегменти.

Исто така, до крајот на 2021 година околу 70% од нашите модели ќе бидат електрифицирани.

Јасно е дека таа транзиција на погонот ни е многу важна, а поврзаноста со FIA World Endurance Championship и враќањето на “24 Часа Ле Ман” значи дека можеме да ги демонстрираме нашите одлични перформанси во смисла на технологија, во однос на хибридизацијата, врската помеѓу моторите со внатрешно согорување и електрификацијата. Значи, ова е само почеток, ќе следат многу интересни новини.

Интересно е тоа што голем број од технологиите кои ги користиме во натрпеварувачките модели, всушност се користат и во сериските модели.

Комплетната издржливост на технологијата на Peugeot e многу важна за нашите купувачи, но во исто време е и ултра важна во натрпеварувачките серии.

Ние на мотоспортот гледаме како на една форма на лабораторија, каде можеме да развиваме креативни иновации и технологија, ја имплементираме на тркачките модели, а потоа можеме да ја имплементираме и во нашите продукциски модели, со што таа врвна технологија стигнува и до нашите крајни купувачи.

Тоа е интегрирана врска помеѓу натпреварувачките серии и брендот Peugeot.

На ова се надоврзува и Жан Марк Фино, Директорот на Стелантис Мотоспорт дивизијата:

“Знаете дека мотоспортот е вграден во гените на брендот Peugeot. “24 Часа Ле Ман” е центарот на нашиот интерес кога е во прашање натпреварувачкиот аспект”.

“На ’24 Часа Ле Ман’ имаме три победи, во 1992, 1993 и во 2009 година. Многу сме горди на овие три трофеи кои се наоѓаат во нашите канцеларии и секој ден гледајќи ги се потсетуваме на нашата следна цел – да победиме повторно на Ле Ман”.

Дел од инженерите кои работат на спортската програмата се исто така ангажирани и за продукциските модели.

“На пример, некои од нашите колеги кои работат на развој на 508 моделот исто така работат на развој на Hypercar моделот кој ќе се натпреварува на “24 часа Ле Ман” – завршува Жан Марк Фино.

Линда Џексон додава:

“Би сакала да го објаснам концептот на “неоперформанс”. Тоа значи развивање на автомобили кои се одговорни кон околината, а во исто време имаат врвни перформанси.

Целата идеја околу овие модели е нивната хибридизација, тоа е многу важно за нас бидејќи ја креира таа врска на транзиција од погонот со внатрешно согорување кон електрични погони”.

Џексон открива од каде доаѓа името, и зошто во средина ja нема очекуваната “нула”?

“Имено, најпрво за 9-ката, која ги илустрира врвните перформанси. Таа ја следи традицијата во именувањето на нашите тркачки автомобили – 905, 908… Буквата ‘икс’ го означува погонот на сите четири тркала и хибридизацијата, и конечно цифрата ‘8’ ја интегрира Hypercar во тековната гама на Peugeot” завршува Линда Џексон.

Peugeot во следната сезона ќе се натпреварува со две возила, а за тимот ќе настапуваат и тројца поранешни F1 натпреварувачи Жан-Ерик Верн, Кевин Магнусен и Скот ди Реста.

Тие ќе се спротивстават на тимот на Toyota во LMH класата, а во 2023 година ќе им се придружат и Porsche, Ferrari, BMW, Audi и Acura кои го потврдија учествувањето во LMDh класата.

Повеќе содржини поврзани со брендот Peugeot:

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla