Slider

Вести

Peugeot со специјална понуда за комерцијалната гама, Partner достапен од 11.822 евра

Slider

16/11/2020

Peugeot година одбележува голем јубилеј, односно 210 години од формирањето на брендот, а во глобални рамки се користи слоганот: „2.1.0 Let’s go! На твоја страна. Секогаш со тебе!”.

Приказната за јубилејот на Peugeot се поврзува со продажните акции на актуелните модели, а истовремено таа е сериозна потврда за верноста и исполнителноста на моделите кон своите клиенти низ годините.

Како еден од најстарите автомобилски брендови, Peugeot од секогаш се стремел кон задоволување на потребите на индивудуалецот. Секој бизнис има свои потреби, a со цел да се задоволат специфичните потреби на клиентите – од корисник на возилото, до менаџери на возен парк – комерцијалната гама на Peugeot нуди различни верзии од моделите Partner, Expert и Boxer, прилагодливи на барањата на клиентот.

Секој трговец, менаџер или вработен во големо или мало претпријатие кој има потреба од комерцијално возило, креирано согласно своите барања и потреби, може да се обрати во „Еуроимпекс“, или кон овластената дилерска мрежа низ земјава, кои ќе креираат понуда која најдобро одговара на вашите барања.

Информативната пресметка која е формирана во моментов се заснова на конкретен пример за Comfort ниво на опременост и 1.5 BlueHDi мотор со 75КС, при што Partner во оваа конфигурација е достапен за 11.822€ или 730.600 мкд (вредноста не е со вклучен ДДВ).

Учеството изнесува 3.100€ или 191.580 ден. Годишната фиксна каматна стапка за финансирање во ЕУР е 5,5%, каматна стапка за правни лица. Плаќањето се врши на 84 рати, а месечната рата која не вклучува ДДВ изнесува 136€ или 8.405 ден.

Комерцијалните возила Partner, Expert и Boxer се возила за сечии потреби, создадени од професионалци за професионалци.

За повеќе информации посетете ги продажни салони во Еуроимпекс и дилерската мрежа или контактирајте ги преку следниов линк: https://peugeot.mk/tovarna-gama

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider