Slider

Вести

Peugeot Sport ќе го претстави новиот визуелен идентитет на „24 часа Ле Ман“

Slider

- Peugeot Sport отвора нова страница во својата историја со развојот на нова електрифицирана технологија, која е резултат не експертизата и техничките познавања на членовите на неговиот тим

14/09/2020

Peugeot Sport го најави своето враќање на спортските натпревари, а во новата ера ќе добие и нов визуелен идентитет.

Французите потврдија дека својот нов имиџ ќе го претстават на трката „24 часа Ле Ман“, каде првпат официјално ќе биде претставено новото лого, кое подоцна ќе биде заштитен знак на програмата потпишана од Peugeot Sport Engineered.

– Peugeot Sport отвора нова страница во својата историја со развојот на нова електрифицирана технологија, која е резултат не експертизата и техничките познавања на членовите на неговиот тим.

– Лансирањето на 508 Peugeot Sport Engineered и враќањето на трките во Светскиот шампионат на трки во издржливост (WEC) се дел од резултатите на нашата работа, а беше важно новиот идентитет да го симболизира новото поглавје на Peugeot Sport, во кое влегуваме со многу страст и професионализам, – вели Франсоа Велс, директор на Peugeot Sport.

Препознатливите „лавовски канџи“ се дел од новиот идентитет на брендот, а тоа го објасни и новиот предводник на дизајнерскиот тим на Peugeot.

– Дијагоналните канџи се препознатлив потпис на Peugeot. Ги имавме на Peugeot 504, како и изминатите десет години на светлата на нашите автомобили. Тие ја претставуваат спортската традиција на Peugeot, како и голем број модели кои со своите успеси оставиле длабок печат во моторспортот, – изјавил Матијан Осан.

За време на трката „24 часа Ле Ман“, Извршниот директор на Peugeot, Жан-Филип Импарато и неговиот претпоставен Карлос Тавареш ќе ги информираат присутните претставници на медиумите со повеќе детали околу плановите и амбициите на Peugeot Sport одделот и неговите нео-перформанс модели кои ќе бидат електрифицирани.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider