Skip to content

Вести

Peugeot веќе ја исполнува следната построга ЕУ норма за просечна Co2 емисија

Peugeot наскоро започнува со продажба на електричните изведби на 208 и 2008, а на пазарот ќе бидат понудени и плаг-ин хибридните изведби на 3008 и 508

09/10/2019

Францускиот бренд Peugeot веќе ги исполнува нормите предвидени од Европската Унија за 2020, односно 2021 година и нема да биде во опасност да плаќа казни поради поголемата Co2 емисија.

Ова го објави првиот човек на Peugeot, Жан-Филип Импарато, кој потенцира дека производителот кого го предводи не планира да има финансиски расходи за оваа ставка, а од следната година секоја недела ќе го проверуваат Co2 просекот на својата флота.

– Нашето октомвриско производство кое ќе донесе автомобили кои ќе бидат регистрирани во јануари, веќе ги исполнува зацртаните амбиции за просечна Co2 емисија од 93 г/км, која беше проектирана за 2020 година.

– Нема да имаме потреба од само-регистрирање на возила со поголема емисија кон крајот на годината, бидејќи веќе го адаптиравме производството на просекот кој ни е потребен за следната година, – истакнал Импарато.

Автомобилската индустрија е под голем притисок во Европа поради регулативата која носи условување за просечна Co2 емисија од најмногу 95 г/км, при што за секој надминат г/км ќе биде плаќана глоба од 95 евра, иако 5 проценти од примероците со најголема емисија нема да влезат во пресметката во 2020 година.

Peugeot наскоро започнува со продажба на електричните изведби на 208 и 2008, а на пазарот ќе бидат понудени и плаг-ин хибридните изведби на 3008 и 508.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend