Slide

Вести

Peugeot во соработка со основачот на 3.Paradis реализираше европска премиера на Peugeot Inception Concept

Slide

Останува да причекаме уште неколку години до 2026-тата за кога е најавено лансирање на продукциски модел врз основа на овој концепт.

04/04/2023

Концептот Peugeot Inception Concept, кој францускиот производител Peugeot за првпат го прикажа на овогодинешниот CES, предизвика големи рекации во однос на визијата на трансформацијата на брендот која ја најави.

Имено, забележливи се новите правци во кои ќе се развива iCockpit системот, амбиентот во ентериерот и материјалите, а воедно беше најавена и новата електрична платформа која е основа за инспирацијата на Peugeot Inception Concept.

Два месеци подоцна, приказната со овој концепт не запира, туку доживеа и европска премиера, за која Peugeot го ангажираше Емерик Чачуа, основачот на брендот 3.Paradis.

Соработката не е случајна, тоа може веднаш да се забележи по фотографиите на кои позираат модели облечени во парчиња од модниот бренд, кои одлично се вклопуваат во амбиентот со кој зрачи овој автомобил.

Тоа го потврдува и Линда Џексон, извршната директорка на Peugeot: “Многу сум задоволна поради започнувањето на соработката со Емерик Чачуа, кој со лансирањето на брендот 3.Paradis се позиционираше помеѓу младите таленти во модниот свет”.

Очигледно дека дел од постулатите на двата бренда совршено се софпаѓаат, а се нагласени од страна на францускиот производител како лајт-мотив за Peugeot Inception Concept. Од одделот за комуникација на францускиот производител ги нагласуваат зборовите “зрак, емоција и извонредност”.

Останува да причекаме уште неколку години до 2026-тата за кога е најавено лансирање на продукциски модел врз основа на овој концепт.

Slide
Slide

Најнови содржини

BMW ja претстави осмата генрерација на 5 Series, заедно со комплетно електрична изведба именувана како i5
Малиот електричен SUV, EX30, ќе има систем за заштита од странична колизија со велосипедисти
Малото електрично возило на Cupra ќе се вика Raval и ќе биде лансирано во 2025 година
Директорот на Opel најавува ефикасна транзиција кон комплетна електрификација до 2028 година