Slide 1

Вести

Пика: PSA има профитабилен концепт, целта е да станеме „европски шампиони“

Slide 1

Mора да потенцирам дека бевме пред банкрот пред шест години, а годинава со оперативен профит од 8,7 проценти важиме за една од најпрофитабилните автомобилски компании во светот, - вели Пика

08/11/2019

Фузијата меѓу PSA Group и FCA ќе биде процес чие заокружување бара време, а дотогаш француската групација продолжува да ги остварува своите зацртани цели и да размислува за идните стратешки чекори.

На своето последно обраќање пред важни актери од авто-индустријата, Максим Пика, првиот човек за Европа на PSA Group, открива дел од работите кои се постигнати, но и кои треба да се очекуваат од групацијата наредните години.

– Спојувањето со FCA e комплексно и бара време, а ние сме во почетната фаза. Но, на добар пат сме да станеме „европски шампиони“, – истакнал Пика, најавувајќи го можното прво место во однос на производството, односно продажбата на новата групација на европскиот континент.

– PSA Group е подготвена за построгите норми и ќе ги исполни барањата за просечна Co2 емисија. Од друга страна, одиме во позитивна насока и во сите други сегменти, мора да потенцирам дека бевме пред банкрот пред шест години, а годинава со оперативен профит од 8,7 проценти важиме за една од најпрофитабилните автомобилски компании во светот. Додека другите производители влегуваат во подсегмент на подсегмент, ние се концентрираме на неколку основни модели кои ја зголемуваат профитабилноста, – посочува Пика.

Тој најави и дел од идните чекори кои PSA Group веќе ги реализира или ќе ги презеде во соработка со Fiat-Chrysler, а ќе значат дополнително проширување на глобално ниво.

– PSA се стреми кон интернационализација на своите постоечки брендови. Веќе решивме дека Opel треба да се врати во Русија, Peugeot ќе го прифати предизвикот наречен Северна Америка, додека Citroën наскоро ќе почне да се „натпреварува“ во Индија.

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla