Slide

Вести

Mercedes во PHEV офанзива со плаг-ин хибрид деби за компактните А и B-Class

Slide

Автомобилите кои користат иста компакт основа, сега ќе располагаат со PHEV погон кој
подразбира комбинација на 1.33-литарски бензинец и 75 kW батерија за заеднички 218 коњски
сили и максимален вртежен момент од 450 Nm

26/08/2019

Процесот на електрификација веќе е реалност и во понудата на Mercedes, a германскиот производител ја информираше јавноста дека отсега ќе бидат достапни и плаг-ин хибрид изведби на А-Class (хечбек и седан) и B-Class.

Автомобилите кои користат иста компакт основа, сега ќе располагаат со PHEV погон кој подразбира комбинација на 1.33 литарски бензинец и 75 kW батерија за заеднички 218 коњски сили и максимален вртежен момент од 450 Nm. Според WLTP нормата, А250е и B250e, на чист електричен погон ќе може да поминат меѓу 56 и 69 километри, а тогаш брзината е ограничена на 140 км/ч.

Mercedes најавува полнење на батеријата со „ѕидна кутија“ (7,4 kW) за еден час и четириесет и пет минути, додека со брз полнач, батеријата од 10 до 80 проценти се полни за 25 минути.

Батеријата тежи 150 килограми и производителот вели дека ќе одземе минорен дел од капацитетот на багажникот, а автомобилите ќе имаат и специјален систем за рекуперација на дел од енергијата.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа