Slide 1

Вести

По 10 години Ford ја најави новата генерација на Ranger, најдобро продаваниот пикап во Европа

Slide 1

Ford во моментов доминира во релативно малиот сегмент на пикапи во Европа, позиција која ја зацврсти откако конкурентите од Mitsubishi, Nissan и Renault ги дисконтинуираа или го намалија својот пазарнот удел на своите модели во сегментот.

02/11/2021

Од Ford најавуваат дека новиот Ranger ќе има повеќе функционалности кои ќе ја зголемат неговата практичност, способност и сеопфатност.

“Новата генерација на Ranger е дизајнирана да може да стигне до повеќе места, да работи понапорно и да понуди повеќе комфор и рафинираност” – гласи дел од соопштението од Ford.

Иако производителот не сподели повеќе детали, очигледно е дека новиот Ranger, кој ќе биде официјално претставен на 24 ноември, ќе има и нов поостар изглед. 

Пикапот ќе се продава во 180 земји, вклучувајќи ги и европските пазари.

Сè уште не е познато дали новата генерација ќе се продава во САД, каде тековниот Ranger се нуди покрај далеку попопуларниот F-150. 

Новата, генерација на Ranger е развиена во дизајнерскиот центар на Ford, кој се наоѓа во Австралија.

Во 2024 ќе биде лансирана и плаг-ин хибридна изведба, одлука која е во линија со заложбата на Ford: целата комерцијална гама во Европа заклучно со 2024 година да добие плаг-ин хибрид или комплетно електрични изведби.

Електрифицираниот Ranger се очекува да биде плаг-ин хибрид, а не комплетно електричен автомобил.

Овој плаг-ин хибрид, кој ќе биде наменет за Европа, се очекува да има 2.3-литарски мотор со четири цилиндри, надополнет со електромотор и системска сила од околу 360 hp. Можно е и вклучување на дволитарски, твин-турбо дизел мотор со четири цилиндри.

Иако тековната генерација е долго на пазарот, уште од 2011 година, вклучувајќи го сеопфатниот фејслифт во 2015, тоа не влијае негативно врз продажните бројки. Во неговите квалитети имавме можност да се увериме и лично, за време на прзезентацијата на фејслифтот и тест возењата на повеќе локации долж јадранското приморје.

Ford во моментов доминира во релативно малиот сегмент на пикапи во Европа, позиција која ја зацврсти откако конкурентите од Mitsubishi, Nissan и Renault ги дисконтинуираа или го намалија својот пазарнот удел на своите модели во сегментот.

Ford во првиот квартал од годинава во Европа продаде 12.000 примероци од моделот Ranger, споредено со 8,890-те продадени примероци на следниот најдобро продаван модел на листата – Toyota Hilux.

Ford неодамна во САД лансираше помал и поевтин пикап под името Maverick, но овој модел нема да се комерцијализира во Европа.

Како дел од соработката помеѓу Ford и Volkswagen, новиот Ranger ќе биде основа и за следната генерација на Volkswagen Amarok.

Имено, производството на тековната генерација на VW Amarok беше сопрено минатото лето. Во производствената фабрика во Хановер, наместо Amarok, наскоро ќе започнат да се произведуваат моделите T7 и ID.Buzz, а новиот Amarok ќе се произведува заедно со новиот Ranger, во Јужна Африка, во фабриката во близина на Преторија.

Ford инвестира над 500 милиони евра во фабриката за да го зголеми годишниот капацитет на околу 200.000 возила, од тековните 168.000 кои не се доволни за производство на двата модела.

Сепак, од Volkswagen најавија дека новиот Amarok ќе биде значително различен од Ranger, во однос на изгледот.

Новиот Ranger воедно ќе биде и првиот модел развиен од Ford по склучувањето на соработката помеѓу Ford и Volkswagen во 2019 година.

Од друга страна, првиот модел развиен од Volkswagen, а лансиран и од страна на Ford е моделот Tourneo Connect, компактен ван базиран на Volkswagen Caddy.

Соработката, исто така, вклучува договор според кој Ford треба да ја развие следната генерација на VW Transporter, заедно со сопствениот Transit Custom. Продукцијата на двата модели треба да започне во 2023 во Турција.

Како дел од соработката со VW, Ford ја користи и MEB платформата за производство на електрични автомобили во својата фабрика во Келн. Производството на првите електрични модели во оваа фабрика треба да започне во 2023 година.

Сепак, ќе мора да почекаме до крајот на месецов за да ги откриеме сите детали и повеќе фотографии од новиот Ranger.

Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

Renault ќе го замени Kadjar со Austral – нов компактен SUV кој ќе има и плаг-ин хибридна изведба
Караван изведбата на Opel Astra ќе атакува на позицијата на Skoda Octavia – бестселерот во сегментот во Европа
Porsche во 2024 ќе ги лансира новите батерии со силициумски аноди и 10 пати поголема енергетска густина
Stellantis ја зголеми автономијата на електричните модели на Opel и Peugeot преку нови пневматици од Continental