Slide

Стории

Доколку го задржи тековниот раст, Tesla во 2024 за првпат ќе ги надмине BMW и Mercedes-Benz според бројот на продажби

Slide

Доколку го задржи растот, следната 2024 година ќе успее да ги надмине и лидерите според продажбите во премиум сегментот - Mercedes-Benz и BMW.

05/07/2023

По едновековна доминација на моторите со внатрешно согорување, појавуањето на американскиот дебитант Tesla беше несомнено тригер кој ја повлече целата автомобилска индустрија кон електричните погони.

По многу подеми и падови во првите неколку години, Tesla, компанија која беше основана пред 20 години, е важен производител во индустријата. Компанијата е глобален лидер во електромобилноста, пионер во технологијата за производство на батерии, но и голем протагонист на воведување на автономното управување. 

Минатата година Tesla продаде 1.31 милиони возила. Интересно, но во првиот квартал од годинава, Tesla за првпат го надмина германскиот премиум бренд Audi во однос на бројот на продадени примероци.

Доколку го задржи растот, следната 2024 година ќе успее да ги надмине и лидерите според продажбите во премиум сегментот – Mercedes-Benz и BMW.

Според најавите на Маск, растот на годишно ниво е проектиран помеѓу 40 и 50%.

Производителот успева да го задржи растот со само 4 модели, од кои во основа само два добро се продаваат: Model Y и Model 3. Поскапите Model S и Model X се прескапи за да имаат голем волумен на продажби.

Историјата на брендот Tesla е синоним за неконвенционални решенија уште од самиот почеток. Комплетно електричен погон, сопствена мрежа од брзи полначи, директни продажби и автономно управување се само дел од практиките кои ги воведе Маск без да ги копира големите автомобилски групации.

Сепак, големото влијание врз индустријата кое го имаше Tesla, со тек на годините се претвора во голем конкурентен притисок, со оглед на тоа што европските, а особено кинеските производители на електрични автомобили го зајакнуваат своето портфолио од месец во месец.

Slide
Slide

Најнови содржини

Продажбата на електрични изведби во сегментот на мали SUV возила стагнира поради намалените субвенции во дел од европските држави
Според Лука де Мео, строгата Еуро 7 норма ќе ја врати автоиндустријата назад кон инвестиции во мотори кои немаат иднина
Автомобилските производители продолжуваат со пренамена на своите фабрики во Обединетото Кралство и покрај промените во регулативата
Во првите 8 месеци од годината, VW Group и Tesla ја предводат електрификацијата во Европа