Slide
Slide

Вести

По BMW, и Renault и Volvo склучија директни договори со американскиот гигант Qualcomm

Slide
Slide

Digital Chasis системот е базиран на четвртата генерација на чипсет развиен од страна на Qualcomm. Третата генерација, всушност е основа за новиот Renault Megane.

12/01/2022

Претставниците на Renault најавија дека ќе бидат во можност да го скусат времето потребно за развој за нивните дигитални функционалности, откако во 2026 година производителот ќе започне да ја користи дигиталната платформа од добавувачот Qualcomm.

Двете компании го најавија заедничкото партнерство за време на онлајн прес конференција минатата седмица, период кој коинцидира со одржувањето на овогодинешиот CES во Лас Вегас.

Renault и Qualcomm веќе соработуваат во повеќе области. Електричната изведба на новиот Megane ја користи “Snapdragon Digital Cockpit” платформата создадена од страна на Qualcomm, а која е основа за новиот инфотејнмент систем во компактот.

Согласно договорот, Renault ќе го интегрира кластерот Snapdragon Digital Chassis во новата софтверска платформа. Во позадина ќе работат два супер-моќни компјутерски процесори кои ќе овозможуваат 5G конективност, дигитален кокпит, безжични надградби и системи за асистенција при возењето.

Трансферот кон новата дигитална платформа ќе му овозможи на Renault скусување на времето потребно за развој на дигитални функционалности и услуги преку кои може да генерира дополнителни приходи. Ова го изјави Тиери Камал, директорот  за софтвер на Renault Group.

“Воспоставување на директна врска со второто ниво на добавувачи како што е Qualcomm, ќе ни овозможи забрзување на процесите на развој за 12 до 18 месеци”, додава Камал.

Развојот на нови дигитални услуги ќе трае три до шест месеци, според Камал, споредено со сега, кога се потребни дури три години за развој на нови функционалности.

Се очекува инвестицијата да биде исплатлива, пред се преку новите приходи кои компанијата би ги наплаќала за овие дигитални услуги од своите клиенти.

“Причината поради која ја воведуваме оваа платформа е нашата желба да поврземе што поголем број на компоненти во автомобилот, кои би се надградувале безжично, со што би ја зголемиле остаточната вредност на возилата”, додава Камал, нагласувајќи дека приходите од дигиталните услуги се очекува да се зголемат драстично во следните неколку години.

Digital Chasis системот е базиран на четвртата генерација на чипсет развиен од страна на Qualcomm. Третата генерација, всушност е основа за новиот Renault Megane.

Освен Renault, и Volvo неодамна најави дека третата генерација на чипсетот на Qualcomm ќе се вградува во новиот електричен SUV кој треба да се лансира годинава. Исто така, тој ќе биде користен и во електричниот SUV на сестринската компанија Polestar.

Според претставниците на Volvo, новите процесори ќе овозможат 2.5 пати поголема брзина, како и пет до десет пати побрзо графичко рендерирање.

Минатата седмица Qualcomm објави дека веќе има договори со автомобислките компании преку кои во следните 10 години се очекува да генерира над 13 милијарди долари. Компанијата, преку интензивно склучување на партнерски соработки со автомобилските производители планира да стане помалку зависна од секторот на мобилните телефони каде Qualcomm е еден од најголемите добавувачи.

Компанијата, чие седиште се наоѓа во Сан Диего, минатата година објави дека ќе биде добавувач за процесори за BMW за новата “Neue Klasse” платформа, која ќе биде воведена во 2025. 

Новите BMW модели ќе бидат опремени со системот Snapdragon Ride Vision, кој користи софтвер од компанијата Arriver.

Qualcomm не ги произведува чиповите самостојно, туку ги набавува од глобалните производители како тајванската TSMC, како и гигантот Samsung.

Партнерството на Renault директно со Qualcomm означува промена во традиционалниот модел на производители и добавувачи. Имено, досега автомобилските производители склучуваа директни договори со своите добавуавчи од прв ред како што се Bosch, Continental или Harman. Но, во последните неколку години зачестена е праксата тие директно да соработуваат со добавувачи од втор ред, како што се SoC (system on chip) добавувачите.

Slide 1
Slide
Slide
Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

MMA и MB.EA платформите ќе овозможат 10 kWh потрошувачка на 100 km за електричните модели на Mercedes
Renault ги зголеми на цените на моделите за 7%, а ги намали фиксните трошоци за 2 милијарди евра
Раст од 7% на продажбата на Citroën во 2021, и покрај кризата со недостиг на полупроводници
Porsche, независно од Audi и Bentley, развива електричен знаменосец со кодно име K1