Slide

Вести

По купувањето на Europcar, Volkswagen планира да лансира флота од автономни возила во 2025

Slide

Europcar е присутен во 140 држави и има флота од 232,000 возила. Оваа бројка е нешто помала од вообичаената, поради недостигот на возила во последните 18-тина месеци.

18/07/2022

VW ја комплетираше процедурата за здобивање на контролен удел во Europcar, компанија која ќе биде клучна за старт на стратегијата на VW која се однесува на мобилноста во иднина.

Имено, конзорциумот составен од VW Group, холандската Pon Holdings, како и британската Attestor, поседува 94% удел во Europcar. Само на Volkswagen отпаѓаат 67% од сопственоста на компанијата.

VW планира да ја користи компанијата Europcar по 2025 при нудење на традиционални рентакар услуги, надополнети со услуги за споделување на возила помеѓу корисниците, претплати, лизинг, како и автономни возила.

Новата платформа на која ќе се базираат сите овие нови услуги, ќе биде во рамки на Volkswagen Financial Services.

Volkswagen ќе ги нуди овие услуги во неколку фази, стартувајќи со пилот проект во Виена кон крајот на годинава, по што ќе следи уште еден проект во Хамбург на почетокот на следната 2023 година.

Europcar е присутен во 140 држави и има флота од 232,000 возила. Оваа бројка е нешто помала од вообичаената, поради недостигот на возила во последните 18-тина месеци.

Интересно, но ова е втор пат VW да го купува Europcar, компанија која е формирана во Франција во 1949 година. Првата купопродажба се случи кон крајот на минатиот век, за потоа во 2006 година да ја продаде за 1.26 милијарди евра.

Актуелната аквизиција рефлектира нов курс во автомобилската индустрија кој се базира на креирање на флота од возила кои корисниците би ги изнајмувале по потреба. Тоа во моментов веќе се практикува во форма на “car-sharing”, односно краткорочно изнајмување на возило, најчесто само за неколку часа, и најчесто во рамките на големите градови.

Но, овој модел не се покажа како многу профитабилен, поради високите трошоци.

BMW и Mercedes заеднички инвестираа над милијарда евра во проектот “Share Now”, одредена форма на конкурент на американскиот Uber, но на почетокот на годинава го продадоа на групацијата Stellantis.

Според податоците, Share Now регистрирал загуби од 200 милиони евра годишно.

Stellantis планира да ги интегрира 3.4-те милиони корисници на “Share Now” во својата Free2Move платформа, со планиран приход од 3 милијарди евра до 2030 година.

Слично како и Stellantis, и француски Renault креираше слична платформа наречена Mobilize.

Според аналитичарите Europcar има поголеми шанси за успех бидејќи ќе надоградува врз веќе постоечки и профитабилен модел – рентакар услугите.

Slide
Slide
Slide 1

Најнови содржини

CATL, најголемиот светски производител на батерии ќе гради нова фабрика во Унгарија со капацитет од 100 GWh
Бензинските и плаг-ин хибрид изведбите на Citroën C5 X пристигнаа во салонот во Скопје
Падот на продажбата во Европа му овозможи на Hyundai да го зголеми пазарниот удел за цел процентен поен на 4.7%
Great Wall носи два нови бренда во Европа, преку Emil Frey, најголемиот европски дилер на возила