Slider

Новитети

Поагресивен и подинамичен: Hyundai претстави N Line изведба на Tucson

Slider

27/01/2021

Новата генерација на Hyundai Tucson носи револуција на дизајнот на корејскиот бренд, кој се одлучи за многу пофутуристички имиџ за популарниот SUV и меѓу европските купувачи.

Додека Tucson пристигнува низ продажната мрежа во европските земји (го очекуваме наскоро и кај нас), производителот ја најави и N Line изведбата.

Самото име е веќе препознатливо за корејскиот бренд, па и во случајот со Tucson подразбира поспортски имиџ на автомобилот обезбеден преку дополнителни елементи на екстериерот и во ентериерот.

Tucson N Line доаѓа со погабаритна маска и поголеми браници во однос на класичната изведба, тука е и беџот N, како и спојлерот на задната страна.

Комбинацијата на кожа и алуминиум доминира во ентериерот, па заедно со спортските седишта и N Line ознаките, возачот ќе знае дека седи зад воланот на Tucson кој остава надинамичен впечаток, а во понудата има и сива боја која единствено може да се добие во ова пакување.

Tucson N Line ќе биде достапен со повеќе погонски единици, односно со 1.6-литарскиот турбо-бензинец со 150 или 180 кс, со дизел изведбата со 136 кс, но и со хибридната (230 кс) и плаг-ин хибридната варијација која пак располага со 265 коњски сили.

Повеќе содржини за SUV модели:

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider