Новитети
Подобри перформанси и технолошка надградба за моќниот Jaguar F-Pace SVR
Она што најмногу ги интересира фановите на F-Pace SVR секако се перформансите, а иако моќноста останува на 550 коњски сили, инженерите на Jaguar направија ревизија на моторот за тој да стигне до поголем максимален вртежен момент од 700 Nm
Jaguar најави уште една освежена изведба на своите модели за 2021 година, а во случајов се работи за исклучително моќниот F-Pace SVR, кој доаѓа со потрендовски дизајн, но и подобрени перформанси.
Дизајнерите на британскиот бренд ја вклопија оваа спортска изведба на F-Pace со освежените верзии на другите членови на гамата, вклучувајќи ја графиката на светлата со „двојно Ј“, а за ентериерот е најавен уште полуксузен избор на материјали, како и 11,4-инчен централен екран со Pivi Pro инфо-забавниот систем.
Она што најмногу ги интересира фановите на F-Pace SVR секако се перформансите, а иако моќноста останува на 550 коњски сили, инженерите на Jaguar направија ревизија на моторот за тој да стигне до поголем максимален вртежен момент од 700 Nm, а напредок има и на спринтот до 100 км/ч (4 секунди) и максималната брзина (286 км/ч).
Со оглед на тоа што се работи за исклучително важен модел кој е гордост на Jaguar, направена е ревизија и на системот за управување, трансмисијата, суспензија и сопирачките, поради што F-Pace SVR ќе понуди уште подобро чувство за среќникот кој ќе се најде зад неговиот волан.
Во секој од овие сегменти е направен напредок, се користат уште помодерни технологии, како што е примерот со специфичните сопирачки кои користат електричен бустер наместо вакуум систем, а засилена е и дозата на нивно ладење.
Повеќе содржини за Jaguar