Skip to content

Новитети

Поинтелигентен и покомфорен: Mercedes го претстави новиот GLA

Новиот GLA е 10 сантиметри повисок, минимално е пократок, но Mercedes тврди дека просторот за нозете е зголемен не само напред, туку и за патниците на задната клупа. Капацитетот на багажникот започнува од 435 и стигнува до 1.430 литри

12/12/2019

Mercedes реши да ја претстави новата генерација на GLA преку дигитална премиера која можеше да се следи во целиот свет, а на истата ги потенцираше и позитивните промени и напредокот на својот компактен SUV.

Новиот GLA е 10 сантиметри повисок, минимално е пократок, но Mercedes тврди дека просторот за нозете е зголемен не само напред, туку и за патниците на задната клупа. Капацитетот на багажникот започнува од 435 и стигнува до 1.430 литри.

Свежиот дизајн ја истакнува робустноста во доза која е сосема доволна за оваа класа, а Германците велат дека е постигнат и голем напредок во однос на аеродинамичноста (0,28 cd), што ќе влијае на возните карактеристики и економичноста.

Безбедноста е посебен елемент во кој GLA ќе понуди повеќе, списокот безбедносни системи во сериската опрема е навистина долг и вклучува автономно сопирање со напредни функции, препознавање сообраќајни знаци и друго, а малиот SUV на Mercedes со најавените опции сигурно ќе биде меѓу најнапредните претставници во својата класа.

MBUX инф0-забавниот систем веќе е стандарден дел на целото компактно семејство на Mercedes, па интуитивните функции и опции се подразбираат и кај GLA, a германскиот производител потсетува и на квалитетите на 4MATIC погонот на четири тркала кој е вклучен со ревидирана изведба.

Бензинските и дизел моторите ќе бидат опција за купувачите, а Mercedes истакнува дека почетната изведба GLA 200 вклучува 1,33-литарски мотор со 163 коњски сили, додека најмоќната опција е GLA 35 4MATIC AMG со 306 коњски сили. Следната година може да се очекува и плаг-ин хибридна изведба со автономија на електричен погон од 70 километри.

Full screenExit full screen

Slider

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider
Slider

Send this to a friend