Slider

Вести

Polestar 2 стигна до првиот европски купувач

Slider

Polestar ќе ги продава автомобилите со малку поинаков концепт, нивните салони го добија името Polestar Spaces, a веќе се отворени 14 во Европа, Кина и Северна Америка

30/07/2020

Новиот бренд Polestar внимателно ја гради и шири својата инфраструктура и покриеност на повеќе континенти, а од вчера официјално го доби и првиот европски купувач.

Компанијата која е формирана од Volvo и е специјализирана за електрифицирани автомобили, вчера го одбележа доделувањето на клучевите на својот прв европски клиент и тоа во централата во Гетеборг, Шведска.

– Го нарачав Polestar 2 на денот кога беше претставен. Ова е мојот прв електричен автомобил и веќе монтирав соларни панели на куќата за полесно полнење на батеријата во домашни услови. Сум возел повеќе атрактивни автомобили во минатото, но ова е најважниот момент за мене, – изјавил Стуре Стенсон.

Најголем успех за брендот е што успеа да ги реализира најавите за почетокот на доставата на Polestar 2 во услови на пандемија и кога сите производствени и логистички процеси се многу покомплицирани.

Polestar ќе ги продава автомобилите со малку поинаков концепт, нивните салони го добија името Polestar Spaces, a веќе се отворени 14 во Европа, Кина и Северна Америка.

Покрај купувачите во Шведска, во август своите примероци на Polestar 2 ќе ги добијат купувачите во Норвешка, а потоа следува дистрибуцијата во Германија, Белгија и Холандија.

Polestar 2 ќе се истакнува со перформансите бидејќи располага со електричен погон кој обезбедува 408 коњски сили, а преку 78 kWh батерија се обезбедува автономија од 500 километри.

Најнови содржини

Slider
Slider
Slider
Slider