Новитети
Polestar го потврди производството на O2, кој ќе биде конкурент на електричениот наследник на Porsche 718
Kонцептот може да биде директен конкурент на електричниот наследник на 718 (Boxster и Cayman) кои веќе се најавени од страна на Porsche.
Шестиот модел на шведско-кинескиот производител Polestar ќе биде електричен роудстер. Техничка основа за него ќе биде Polestar 5, модел чие производство беше неодамна потвредно.
Томас Ингенлат, извршниот директор на Polestar сака по 2026 година неговиот бренд да биде конкурентен со електричните модели на Porsche.
Во март годинава Polestar сподели фотографии од концепт на електричен спортски автомобил, кој е еден од ретките кои директно не ги таргетира купувачите на Taycan, како голем дел од останатите производители.
Напротив, концептот може да биде директен конкурент на електричниот наследник на 718 (Boxster и Cayman) кои веќе се најавени од страна на Porsche.


Концептот на Polestar именуван како О2, го користи дизајнерскиот правец на концептот Precept, седан чие производство ќе започне во 2025 (официјалното име на моделот ќе биде Polestar 5).
Производството на роудстерот, пак, ќе започне во 2026 година.
Бидејќи Polestar ги именува редоследно своите модели, спортскиот роудстер ќе биде именуван како Polestar 6.
Polestar 6 ќе користи платформа која овозможува 800-волтна технологија, 884 hp и извонредни 900 Nm вртежен момент.

Ова ќе му овозможи на моделот забрзување од 0-100 km/h за 3.2 секунди.
Во однос на позиционирањето, Polestar 6 ќе биде долг 4.7 метри, со меѓуоскино растојание од 3.1 метри, што овозможува простор во кабината за четири патници, а ќе биде и значително подолг од Cayman, кој е долг 4.40 метри.
Распоредот на Polestar е прилично густ за релативно нов производител. Тие планираат лансирање на еден нов модел секоја година, а до лансирањето на роудстерот Polestar 6 имаат уште три кросовери/SUV модели и еден седан.