Slide

Новитети

Polestar го претстави Polestar 4, SUV со купе изглед, кој нема да има внатрешен ретровизор и задно стакло

Slide

Поради изоставувањето на задниот прозорец, панорамскиот покрив на Polestar 4 се протега сѐ до главите на патниците на задната клупа, кои може да ги спуштат седиштата во полулежечка позиција.

18/04/2023

Најновиот модел на сестринскиот производител на Volvo, Polestar 4, нема да има ретровизори, ниту пак заден прозорец. Наместо тоа, возачот ќе се ориентира со помош на дигитален екран кој ќе ја проектира околината преку снимање со камера поставена на кровот на возилото.

“Отстранувањето на задниот прозорец е феноменално функционално подобрување”, изјави извршниот директор на Polestar, Томас Ингенлат.

Поради изоставувањето на задниот прозорец, панорамскиот покрив на Polestar 4 се протега сѐ до главите на патниците на задната клупа, кои може да ги спуштат седиштата во полулежечка позиција. 

Овој модел, кој производителот го дефинира како реинтерпретација на SUV со купе нијанси, ќе биде најбрзиот на Polestar, а неговото лансирање е планирано за почетокот на следната година.

До 2025, Polestar очекува овој модел да биде втор по продажба, веднаш зад Polestar 2.

Кинеско-шведскиот производител го претстави моделот во Шангај, а Кина ќе биде првиот пазар на кој ќе биде лансиран. Тој ќе се произведува во фабрика во сопственост на Geely, автомобилски гигант кој ги поседува Polestar и Volvo. 

Slide
Slide

Најнови содржини

Renault започнува нова интернационална офанзива без својот јапонски партнер Nissan
Германските производители нема да учествуваат на престојното Geneva Motor Show 2024
MINI започнува со примената на агенцискиот продажен модел во Европа
Втората генерација на BMW X2 е подолга, повисока и поширока споредено со првата, а добива и електрична изведба