Slide 1

Вести

Polestar ќе го произведува својот прв електричен SUV во САД

Slide 1

17/06/2021

Шведскиот бренд Polestar најави дека ќе го произведува моделот Polestar 3 во Соединетите Американски Држави.

Првиот електричен SUV на брендот носи сериозни амбиции за Polestar, a производството ќе се одвива заедно со програмата на Volvo Cars во фабриката во Риџвил, Јужна Каролина.

Примероците произведени во САД ќе бидат наменети за локалниот пазар.

– Polestar 3 ќе се произведува во Америка и ќе биде наменет за американските купувачи. Се сеќавама на одличната реакција во САД кога го претставувавме проектот Polestar и горд сум што нашиот прв SUV ќе се произведува во Јужна Каролина. Отсега натаму, САД нема да биде странски, туку домашен пазар за Polestar, – вели Томас Ингенлат, Извршен директор на брендот.

Polestar планира најмалку 25 продажни центри во САД кои ќе бидат отворени уште оваа година, а Polestar 3 ќе им биде достапен на купувачите веќе следната 2022 година.

Polestar е бренд формиран во 2017 година од Volvo Cars и Geely.

Slide 1
Slide 1

Најнови содржини

VW Taigo распознава пешаци и велосипедисти и автономно сопира при брзини до 210km/h
Кабриолет изведбата на Fiat 500 пристигна во салонот на Fiat во Скопје
Електрификацијата ќе предизвика намалување на бројот на вработени во автомобилските компании
Илон Маск ќе им овозможи на конкурентите да ја користат мрежата на брзи полначи на Tesla